1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студентите под се’ поголем притисок

4 август 2011

Со Болоњската декларација се заострија условите на испитните сесии. По многу предмети студентите мора повеќе да учат. Дали тоа значи дека и покрај убавото време студентите мора да одат в библиотека да учат?

https://p.dw.com/p/125bK
Фотографија: Fotolia/ Davide Pesce

Ирина со нејзините колешки од факултет се подготвуваат за идните испити појадувајќи во градината. Два глави мислат подобро, смета 25 годишната Русинка која студира педагогија за основно училиште на Гете универзитетот во Франкфурт. Таа се приклучи на групата руски и германски студенти, кои учат заедно. Нејзин мајчин јазик е рускиот, така што не секогаш е едноставно за неа во Франкфурт:

„Се разбира има проблеми, на пример морам точно да размислам што ќе кажам, а кај мене тоа се одвива поспоро. Мислам дека сега морам побрзо да се изразам, за другите да ме разберат, а понекогаш Германците немаат трпение.“

Учење на памет

Трпение имаат нејзините колеги со кои учи заедно. Имено освен јазичниот проблем, со кој се соочува само Ирина, сите мора повеќе да учат, откако се спроведува Болоњската реформа. Во очите на Катарина Пфафингер, материјалот е обемен.

Fotoserie Prüfungsstress in den Semesterferien
Студенти кои учат на Гете универзитетот во ФранкфуртФотографија: DW / Bianca von der Au

„Има многу материјал и малку време. Во принцип тоа е учење напамет. Девизата гласи: учи, учи, учи за на крајот да го пренесеш тоа на испит и потоа да го заборавиш. Разговарав со други студенти, кои студирале порано и тие велат дека тогаш не било така.“

Универзитетите стануваат училишта, критикува Одборот на студентите за општи прашања при Гете универзитетот во Франкфурт. Марко Сагер, член на овој Одбор истакнува: „Проблем претставува што испитите се оддржуваат во набиен временски период. Освен ова по правило се’ се зема предвид во завршната оценка. Тоа е т. н. Булимија учење - набрзина се учи, се полагаат испитите, а потоа во сеќавање не останува ниту половина од знаењето.“

Промените не се едноставни за студентите

За студиите по природни науки и економија, честите испити не се новина. Но, во општествените науки Болоњската реформа донесе промени. Ова го потврдува и Астрид Ирганг од Сервис центарот за студенти. По воведувањето на реформата бројот на студенти кои доагаѓаат во центарот за советување се зголеми. „Мислам дека општо земено, се’ повеќе студенти сметата дека имаат поголемо оптоварување. Честопати се случува да го преполнат рапсоредот на часови, си поставуваат високи цели и кога нема да успеат на некој испит, часовникот почнува да чука. Имено, неположените колоквиуми мора да се повторат во одреден рок и да бидат положени, во спротивнио студентот ќе биде ексматрикулиран.“

Учењето во група - олеснителна околност

Fotoserie Prüfungsstress in den Semesterferien
Заедно полесно се сфаќа математикатаФотографија: DW / Bianca von der Au

Затоа многу студенти базенот го заменуваат со библиотека. Некои пак учат заедно во кафулето на факултетот. Еден студент по математика објаснува. „Почнавме со студиите по Бечелор и ни беше кажано дека порано било поедноставно да се стигне до диплома, студиите биле по релаксирани отколку што се сега. Дека она што ние сега го учиме во рамките на Бечелор студиите било речиси поранешните цели студии, само за пократко време. Така слушнав.“

Затоа групите за учење се популарни меѓу студентите. Оти како што вели руската студентка; две глави мислат подобро. Затоа студентите си ја делат работата, односно секој подготвува одреден текст и во групата се прашуваат едени со други. Со оглед на материјалот што треба да го минат студените, тоа претставува олеснување. Руската студентка Ирина меѓутоа сепак смета дека германските факултети се подобри: „Споредено со кај нас овде е попуштено, кај на се’ се одвива малку построго.“

Автор: Бјанка фон дер Ау/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски