1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студен пречек на Шефер

Александар Чомовски22 април 2008

Индиректен негативен одговор на македонската влада на инсистирањето на генералниот секретар на НАТО, Јаaп Де Хоп Шефер, за дветти јули како краен рок за решавање на спорот со името.

https://p.dw.com/p/Dm2b
Јаап Де Хоп ШеферФотографија: AP

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, упати писмо до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во кое се наведува дека Грција ги крши обврските од Привремената спогодба. Црвенковски од Бан бара со содржината на писмото да биде запознат Советот за безбедност и членките на ОН.