1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студија на Дојче банк и БИТКОМ

15 јуни 2005

Во моментов светската економија минува низ таканаречаната трета револиција на создавање вредности. Првата беше воведувањето на подвижната лента од страна на Хенри Форд и тогаш беше потребна ефикасност. Втората револуција почна кон крајот на 80-десттите години кога во фокусот се најдоа квалитетот и трошоците. Тогаш се започна со преместување на големи делови на финиширањето на производите кај лиферантит

https://p.dw.com/p/AeOY

�. Сега станува збор за услужните дејсноти, а се повеќе подрачја се преместуваат и во странство. Порано тоа се нарекуваше аутсорсинг, денес тоа се нарекува оф-шоринг.

Една студија на Дојче банк и на сојузот за информативна технолгија БИТКОМ ја разгледува токму оваа трета револуција за услужните дејности преставувајќи ја во извештајот за офшоринг за 2005 година.

Штотуку завршен информатичар доаѓа на пазарот за работа во потрага по место и ги трие очите во неверување. Се бараат само високо-специјализирани лица со искуство во проект - менаџментот, како советници. Обичните програмери веќе не се потребни, нивната работа е префрлена во Индија, Ирска и Израел. Офшоринг се нарекува развојот кој во индустријата веќе подолго е стандард. Ако тоа се префрли на секторот за услуги, Германија во споредба со светот се уште е на почетокот. Ова произлегува од студијата што ја претставија БИТКОМ заедно со Дојче банк рисрч. Според неа, прометот со префрлени услужни дејности во Германија денес изнесува околу 600 милиони евра, а за наредните пет години се очекува зголемување од 20 насто. Развој кој според потпретседателот на БИТКОМ Јерг Мено Хармс, веќе не е можно да се задржи:

„Можеме да решиме меѓу пасивна реакција на глобализацијата или да бидеме активни на патот кон идното поставување на работата. Офшоринг во јавноста не смее да биде табу тема. И мора да се биде свесен дека фирмите го користат за да ја одржат и да ја подобрат својата меѓународна конкурентност„.

Хармс е против дебатата околу префрлувањето на работните места во странство. Колку темата стана жестока, покажува фактот што во анкетата бјавена во студијата во која од 4 илјади поканети учествувале само 570 фирми. И покрај ветената гаранција за анонимност многу од нив страхувале дека учествува ќе им штети на имиџот. Притоа, студијата доаѓа до резултат дека офшоринг не им штети по секоја цена на оние места што преостанале во Германија. Достигнатите заштеди, вели Хармс, на фирмите им овозможуваат пораст и отворање нови работни места:

„Две третини очекуваат офшоринг резултатите да им оовозможат во наредните пет месеци да вработат нови соработници или барем бројот на вработените да остане ист. Само една третина има намера да намалува работни места„.

Најважно место за офшоринг, според студијата, и натаму е Индија. Меѓутоа и понудите од централна и источна Европа се добри, како што вели Јирген Шаф, еден од составувачите на студијата:

„Од една страна тргнуваме од фактот дека имаме културна блискост со земјите на Источна Европа, а од друга голема предност е што САД и Велика Британија соработуваат со Индија поради јазичната блискост. Мајчиниот јазик во земјите – партнери е еден од главните фактори. Тоа го немаме во однос на Индија. Меѓутоа, германскиот добро се зборува во многу земји на средна и источна Европа што може лесно да се комуницира и на работно и на ниво со клиентите„.

Економскиот експерт на Дојче банк, Норберт Валтер вели дека во странство се прерфлаат и дел од истражувањата зашто се покажува дека во Германија едноставно нема доволно фисококвалификувани кадри:

„Мислам дека во Германија ќе потрае уште извесен период додека повторно имаме доволно квалификувани луѓе и додека се сфати дека математиката, на пример, е нешто без што не се може. Затоа на тој план мораме да префрламе повеќе работни места отколку што сметаат некои инженери кои работите ги посматраат низ очила„.