1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студот во Европа не попушта

8 февруари 2012

Во Европа и натаму владеат студениот бран и ниските температури, а покрај бездомниците има и луѓе кои се смрзнале во своите домови.

https://p.dw.com/p/13z3U
Студеното време не попуштаФотографија: dapd

Утрово исклучително ниски температури се забележани во источна и централна Европа, вклучувајќи ги Романија, Русија, Белорусија, Полска и Украина. Температурите се пониски за неколку степени во однос на претходниот ден.

Во романската престолнина Букурешт се измерени минус 23 степени Целзиусови. Вообичаената температура за ова доба од годината во Букурешт е околу минус четири степени.

Минус 22 степени се измерени во Киев, а метеоролозите најавуваат дека наредната ноќ таа ќе се спушти и до минус 31 степен. Во Украина од студот досега починале најмалку 130 лица, додека 700 луѓе се хоспитализирани.

Kältewelle Europa Polen Warschau Polizei Schiff
Минатата ноќ во Полска починале пет лица од студот, а бројот на жртви во Италија се искачи на 36 лицаФотографија: AP

Изминатата ноќ во Полска од студот починале пет лица. Во Италија, пак, бројот на жртвите од студот достигна 36 лица.

Градските власти на Истанбул ангажирале околу 2.600 луѓе и повеќе од 870 возила, кои работат на чистење на снегот, кој достигна висина од 38 сантиметри. Видливоста во турската метропола е намалена на 50 метри, поради што се откажани повеќе летови.

Според метеоролозите, студениот бран во поголемиот дел на континентална Европа ќе трае до средината на наредната недела, а за Југоисточна Европа и Балканот се најавуваат од петок поумерени температури и нови снежни врнежи, пред се’ поради нискиот воздушен притисок кој доаѓа од Медитеранот.

Автор: ЖА/АМ/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски