1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студот ја „стега“ Европа

30 јануари 2012

Властите во повеќе источноевропски држави објавија дека изминативе денови повеќе од 20 лица починале како резултат на големите студови, а стотици побарале медицинска помош.

https://p.dw.com/p/13t28
Фотографија: AP

Украинската влада соопшти дека 18 луѓе починале од студ во изминативе денови, откако земјата беше зафатена од поларен бран. Во Полска од премрзнатост починале десет лица. Поради тоа, отворени се дополнителни прифатни места за бездомниците. Четири лица починале, а две се сметаат за исчезнати како последица на големите студови во Србија и Бугарија. Во Бугарија најстудено беше во Чирпан, каде температурата падна на минус 24 степени. Првата жртва на студот во Македонија, синоќа била регистрирана во мариовскиот регион.

Sprachbar Deutschkurse Eiszapfen
Фотографија: Fotolia/boeselhack

Студениот бран од Сибир предизвика спуштање на температурите и во Германија. Денеска во делови од земјата се измерени температури од минус десет степени.

Автор: БГ/ЕМФ/ап/дпа

Редактор: Е.М.Фиданоска