1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судан – ОН

3 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmC7

Советот за безбедност на ОН го осуди до сега најтешкиот напад врз силите на Африканската Унија стационирани во Дарфур. Одговорните за нападот мора да бидат изведени пред лицето на правдата, се вели во соопштението на Советот, што беше усвоено едногласно. Суданската армија и бунтовниците взаемно се обвинуваат дека ја сносат одговорноста за нападот во кој животот го загубија десетмина војници на мировните сили на АУ. Уште десетмина беа повредени, а поголем број се водат како киднапирани.

Комесарот на Африканската Унија за безбедност Саид Ѓинит порача: “Не постои воено решение за овој проблем. Решението мора да биде политичко и никој не смее да живее во илузиија дека некакви напади ќе му обезбеди поповолна позиција во мировните преговори.“