1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судот одби преместување на НСУ процесот

АТ/ афп/ дпа/ ртр14 мај 2013

Во процесот за убиствата и нападите на терористичката НСУ судот го одби барањето за прекин на судењето и негово преместување во поголема сала. Во процесот денеска се чита и обвинението.

https://p.dw.com/p/18XZs
Фотографија: Reuters/Kai Pfaffenbach

Основното право на јавноста не наложува, процесот да биде преместен во поголема сала, ја објасни одлуката на судот претседавачот судијата Манфред Гецл. „Казнените процеси се јавни, но не се спроведуваат за јавноста“, дополни Гецл повикувајќи се на јурисдикција на Германскиот уставен суд.

Бранителите на првоосомничената Беате Чепе поднесоа барање за преместување на процесот. Тие аргументираат дека учесниците и претставниците на јавноста „не можеле процесуалните случувања доволно да ги следат“. Вишиот покриански суд во Минхен беше критикуван за изборот на салата уште пред почетокот на процесот.

Бранителите на Ралф Волебен, осомничен како помагач на НСУ најавија дека ќе поднесат натамошни барања до судот. На прашањето дали тужбата денеска (14.05.) ќе биде прочитана, претседателот на судот Карл Хубер пред зградата на Вишиот покраински суд во Минхен рече: „Јас не сум пророк“. Читањето на обвинението сепак по долго чекање започна.

Адвокатот на членовите на семејството на убиениот Халил Јозгат, Томас Билвир претходно сакаше да постигне, сите други барања да се повлечат, за конечно да биде прочитано обвинението. Немало „основани причини, кои би оправдале отстапување од законски предвидениот редослед на текот на процесот“, смета правникот.

Во салата каде се одржува процесот дојде и до жестока вербална пресметка меѓу адвокатите. Адвокатот на Волебен, Олаф Клемке оцени дека обвинувањето на ко-обвинителите, дека одбраната сакала да го спречи читањето на обвинението како „слабоумност“.

NSU-Prozess zweiter Auftakt
Одбраната на Чепе во судската сала во МинхенФотографија: Reuters/Kai Pfaffenbach

За денеска инаку беше предивдено да се утврдат личните податоци на осомничените и потоа да се прочита обвинението.

На првиот ден од процесот на почетокот на мај адвокатите на првоосомничената Чепе поднесоа голем број барања до судот. Поради барањето да се провери пристрасност на судиите, судскиот процес беше прекинат една недела.

Во меѓувреме се зголеми и бројот на ко-обвинителите на 86. Тие се застапувани од 62 адвокати.

Првоосомничената Беате Чепе се обвинува за соучество во убиство на десет луѓе. Повеќето од жртвите беа од турско потекло. Се смета дека делата ги извршила десноекстрмната група Националсоцијалистичко подземје (НСУ). Покрај Чепе пред судот одговараат уште четири други лица, кои се осомничени за помагање на НСУ.

Уве Мундлос и Уве Бенхард, кои се осомничени дека се главните сторители се самоубија во ноември 2011 година, кога беше откриена ќелијата.