1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судската администрација штрајкува

Горан Петрески 8 април 2008

Судовите во Макеоднија повторно се затворени. Функционално судство стои високо на врвот на приоритетите в процесот на европинтеграција на Макеоднија.

https://p.dw.com/p/De5R
Судот во СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Судовите во Македонија не работат. Штрајкува судската администрација. Дактилографите, куририте, обезбедувањето и останатите вработени во сите основни и апелациски судови во Македонија бараат еднаков третман со нивните колеги од фелата. Клучното барање се однесува на зголемување на платите.

Штрајкот ќе трае се додека не бидат исполнети барањата на административците. Сите судски рочишта се одложени на неопределено време. Во судовите се примаат само итните предмети, притворите и тестаментите. Адвокатите го поддржуваат штрајкот на вработените во судовите. Штрајкот што ги блокира бројните предмети со кои се преплавени судовите во Макеоднија е втор за месец и половина.

Административците од правосудството штрајкуваа три дена и по ветувањето дека нивните барања ќе бидат исполнети се вратија на работа. Сега штрајкот ќе трае се додека владата не ги прифати барањата вели претседателот на сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски. Штрајкот се случува во време кога судствто важи за еден од најпробематичните сектори во македонското општество. Меѓу клучните приоритети за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес е длабока реформа на судството. Дека работите не одат како што треба поврдува и претседателот на врховниот суд Дане Илиев.

Судството во Македонија се смета за една од најкорумпираните сфери во државата. Засега нерешлив проблем се големиот број отворени случаи и бавноста во решавањето на предметите.