1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судскиот совет - камен на сопнување

7 јуни 2010

Остри напади на адреса на судството беа изречени денеска на собраниската седница посветена на извештајот за работата на Републичкиот судски совет.

https://p.dw.com/p/Nk4d
Фотографија: Petar Stojanovski

Судскиот систем како една од најкритикуваните сфери во македонското општество е секогаш актуелна тема и плодно поле за жестока дебата.

Опозицијата тврди дека Судскиот совет работи по диктат на владеачкото мнозинство. Пратеникот Горан Мисовски од НСДП го посочи Михајло Маневски како продолжена рака на премиерот Никола Груевски меѓу членовите на Судскиот совет. „Се’ што е замислено во Владата Маневски е должен да го спроведе.“ Опозиционерите прашаа, зошто судиите ако се независни и професионални во работата, не реагираат на притисоците врз медиумите кои стасаа дури до Брисел. Власта сака да ја исполитизира секоја сфера и се’ да држи под своја контрола. Се слушнаа обвинувања дека изборот на судии го прави владата и оти денеска (07.06.10) презентираниот извештај бил пишуван на Илинденска бб.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt
Фотографија: Petr Stojanovski

Претседателот на Републичкиот судски совет Васил Грчев застана во одбрана на судиите. „Не е коректно да се прави Судскиот совет заложник на интересите на министерот. Судиите се луѓе со стаж во судството.“

Власта признава дека состојбата во судството не е розова но тврди дека коренот на проблемите е од времето на претходната власт. Пратеничката на ВМРО ДМПНЕ Благородна Дулиќ одговори на личните напади од страна на пратеникот Мисовски.

Силен Судски совет, економски независни судови и достоинствена плата за судиите се препораките на странските експерти за средување на состојбите во оваа сфера. Европската комисија во минатогодишниот извештај констатираше дека има напрадок, но нагласи дека се потребни дополнителни напори за да се осигура независно и департизирано судство. Во анкетата на ОБСЕ судиите признаа дека се подложни на политички влијанија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска