1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судски процес во Турција против „убијците од Малатија„

23 ноември 2007

Денеска во Турција се отвора судскиот процес против петмина млади Турци, кои се обвинети дека ги убиле тројцата припадници на христијанското малцинство во градот Малатија.

https://p.dw.com/p/CSEe
Граѓани на Малатија запалија свеќи пред издавачката куќа „Цирве„ во знак на протест против грозоморното убиствоФотографија: picture-alliance/ dpa

Обвинети се пет млади Турци на возраст меѓу 19 и 20 години. Тие според обвининето сурово измачувале двајцата турски христијани и еден германски граѓанин, за на крајот да ги убијат во бирото на малата издавачка куќа во Малатија. Јавното обвинителство бара доживотен затвор за петтемина, на кои покрај учество во убиството им се товари создавање терористичка организација.

Грозоморниот чин привлече големо влијание во меѓународната јавност бидејќи се случи во серијата убиства во кои жртви беа христијани во Турција. Така во месеците пред тоа еден млад Турчин го застрела католичкиот свештеник Андреа Санторо, а на улица беше убиен и новинарот Хрант Динк, од ерменџско потекло.

Оваа серија убиства се должи на омразата што во јавноста се шири против христијанските мисионери, кои исламистичките кругови во Турција ги сметаат за опасност по националното единство, како и дел од наводната завера на САД и Израел против Турција. Националистичките сили освен тоа ги смеат малцинствата за опасност по единство на нацијата. Колку таквата идеологија е далеку од реалноста сведочат веќе и бројките: меѓу вкупно 74-те милиони во Турција живеат се‘ на се‘ околу 100.000 христијани.

Претседателот на Сојузот на протестаните во Турција Бедри Пекер за ваквата атмосфера ги обвинува политичарите и медиумите:

„Христијаните се прикажуваат како потенцијални криминалци, сепаратисти и предавници на нацијата. Дел од политичарите и медиумите подгреваат омраза кон нас. При тоа да се биде мисионер не значи ништо друго, туку некој да сака слободно да го изразува своето религиозно ув ерување. Таквото право ни го дава и турскиот устав„ – нагласува Бедри Пекер.

Не само што уставот тоа го дозволува, туку во турскиот Казнен законик има и параграф според кој казна му се заканува на секој кој ќе ги спречи луѓето во изразувањето на нивните религиозни или политички ставови.