1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сузан Зонтаг "градителка на мостови" меѓу стариот и новиот свет

13 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeWC

Моќ на изразување отпор,острина на јазикот, сигурна политичка актуелност! Вака членовите на жирито ја образложија нивната одлука за доделување на наградата за мир на германските книгоиздавачи на американската писателка Сузан Зонтаг. Во еден свет на фалсикувани слики и замолчени вистини, оваа 70-годишна Американка ја велича слободната мисла. Со изборот на Зонтаг за лауреат се испраќа и политички сигнал - за градење мостови, за критички дијалог меѓу Европа и Америка.

Зонтаг изразува критика со едноставни, но погодувачки зборови - пишува со остро перо против оние кои ги подгреваат војните, против оние кои ги користат војните и други состојби за сопствено профитирање и против уништувачите на културата во целиот свет. Таа со децении го прави тоа, никогаш пацифистички, никогаш неоспорено, секогаш провоцирачки. Нејзе морализирањето и е туѓо: никогаш не ги штеди моќниците. Владата на Буш во Вашингтон тоа повеќе пати го почувствува.

Сузан Зонтаг се спротистави на тврдењата на Буш дека нападите од 11 септември се насочени против цивилизацијата и слободата со следниве зборови: "Теророт е последица на суперсилата што ја носи американската надворешна политика". Без никакви огради таа ја потцени националната траума, во која западнаа Американците по рушењето на њујоршките кули близначки. Тогаш нејзиниот имиџ како јавна совест на САД претрпе тежок пораз, но таа не беше подготвена за јавно извинување.

Воениот ирачки курс на американскиот претседател Буш јуниор не наиде на ништо помалку милост кај Зонтаг. Со неговата стратегија на превентивна војна тој го потчини меѓународното право на народите на правото на посилните, аргументираше Зонтаг и го критикуваше отстапувањето на Буш од мултилатералното содејство на меѓународната заедница. Меѓународните договори немаа никакво значење за админстарцијата на Буш. Освен ако не се во полза на Америка.

На нишан на Зонтаг се најде и уште еден моќник - порано од сферата на филмот, денес од политиката: изборот на актерот Арнолд Шварценегер за гувернер на Калифорнија за Зонтаг претставува лоша шега. Но, тоа, за жал, воопшто не е за смеење бидејќи тој го означува "крајот на политиката".

Во нејзиниот говор по повод мировната награда Сузан Зонтаг констатира како политичка така и културна бездна меѓу Европа и Америка. Нејзината длабочина е толку голема затоа што ја отсликува противречноста меѓу старото и новото. За ова, порачува Зонтаг треба добро да размислат и Европејците и Американците. И ја препорачува литературата како пример за дијалог меѓу стариот и новиот свет.