1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суспендираниот романски претседател може да се врати на функцијата

ЕМФ/ртр21 август 2012

Романскиот Уставен суд го прогласи за невалиден референдумот за отповикување од функцијата на претседателот Трајан Басеску.

https://p.dw.com/p/15tjD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пресудата на Уставниот суд значи дека конзервативниот претседател Трајан Басеску, по неговата суспензија од страна на парламентот, може да се врати на функцијата. Судот денеска (21.08) соопшти дека референдумот е прогласен за неважечки поради тоа што на него не излегле минимум потребните 50 проценти граѓани со право на глас.

На референдумот одржан на 29 јули годинава, учествуваа 46 проценти од избирачите, со што не беше исполнет условот за валидност на референдумот. Левориентараната романска влада, која сака смена на Басеску, во меѓувреме агрументира дека доколку се актуелизираат податоците во избирачките списоци, согласно пописот од 2011 година, тогаш неопходната минимум излезност на референдумот би била остварена. Вака, како што се вели од владини кругови, на списоците имало околу три милиони лица кои се починати или отселени во странство.