1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сухарто погребан во родниот град

Бернд Муш-Боровска28 јануари 2008

Поранешниот претседател на Индонезија Сухарто денеска беше погребан со највисоки државни почести. Кој беше индонезискиот претседател? Неговиот лик отвара многу дилеми.

https://p.dw.com/p/CycI
Последни почести за Сухарто во неговиот дом во ЏакартаФотографија: AP
Стотици угледни личности се собраа вчера во домот на Сухарто во главниот град Џакарта за да му одадат последна почит. Политички лидери од целиот регион на Југоисточна Азија, но и од САД упатија пораки во кои високо ја оценуваат улогата што Сухарто ја одигра за Индонезија, но и за целиот регион.
Поделени мислења за поранешниот претседател „Во едно испитување на јавното мнение се покажа дека Сухарто е истовремено и најголемиот поддржувач на развојот, од една и најголем уништувач на Индонезија од друга страна. Нема никаков сомнеж дека тој земјата ја поведе по патот на интензивен стопански развој. Но, истовремено и ја уништуваше“ – појаснува историчарот Асви Варман Адам од индонезискиот научен институт.
Вимар Витоелар, угледен индонезиски новинар во една ТВ дебата побара издифиренциран однос кон делото на Сухарто и расветлување на неговата улога во историјата: „Со години во Индонезија беа замаглувани правдата и неправдата. Имаше јасен обид да се прикријат злосторите преку нагласувањето на позитивните достигања. Тоа беше многу штетно за нашата земја.“

Економскиот развој не може да ги оправда неделата

Витоелар се противи на проценката дека неколкуте милијарди долари што потонаа во мочуриштето на корупцијата не можат да се споредуваат со големиот стопански пораст во времето на Сухарто. Освен тоа како жртви на економскиот развој паднаа и десетици илјади лица кои беа убиени или се водат како исчезнати, порачува угледниот индонезиски новинар, Вимар Витоелар.