1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сценарија за можен банкрот на Грција

11 септември 2011

Германското министерство за финансии, според информации на неделникот „Шпигел“, подготвува сценарија за случај на државен банкрот на Грција.

https://p.dw.com/p/12Wse
Германскиот министер за финансии, Волфганг ШојблеФотографија: dapd

Според „добро информираните кругови“, на кои се повикува германски неделник „Шпигел“, соработници на министерството за финансии во Берлин подготвуваат повеќе опции доколку Грција сепак биде принудена да прогласи банкрот. Во министерството не се исклучува ни можноста Грција комплетно да ја напушти еврозоната и да ја воведе повторно драхмата. 

Peer Steinbrück Aufsichtsrat Deutschland Politik
Поранешниот министер за финансии, Пеер ШтајнбрикФотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот министер за финансии Пеер Штајнбрик, напротив, смета дека Германија мора да гарантира за долговите на другите земји членки на ЕУ. Тој смета дека Германија нема друга алтернатива, освен да плаќа и натаму. Притоа, тие пари не се промашена, туку добра инвестиција, нагласува Штајнбрик, бидејќи тие се вложени во иднината на Европа. На германските граѓани треба да им објасниме колку профитираат од интеграцијата на Европа, порачува поранешниот министер за финансии во интервју за неделникот „Шпигел“.

Папандреу со драматичен апел

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во меѓувреме, ги предупреди сонародниците да не си дозволат да попуштат во реформските напори и штедењето. Само „стриктното спроведување на преземените обврски“ може да ја спаси земјата, се’ друго може да претставува голема опасност, како за Грција, така и за сите нејзини граѓани, нагласи Папандреу во говор во Солун. Тој јасно стави на знаење дека ќе се бори и понатаму со сите сили за останување на земјата во еврозоната.

EU Griechenland Finanzkrise Gipfel in Brüssel Ministerpräsident George Papandreou
Грчкиот премиер, Јоргос ПапандреуФотографија: dapd

Во Солун се собраа околу 20.000 демонстранти за да протестираат против говорот на премиерот Папандреу. Полицијата мораше да употреби дури солзавец против младите демонстранти кои кршеа излози. Во безредијата се уапсени преку 100 лица, соопшти грчката полиција.

На удар и француските банки

Најголемите француски банки се подготвуваат за можното намалување на кредитниот рејтинг на земјата. Според информациите на агенцијата Ројтерс, водечките банки во земјата очекуваат скорешно намалување, што ќе дојде од рејтинг агенцијата „Мудис“. Официјални пртставници на трите најголеми банки во Франција и рејтинг агенцијата не сакаа да ги коменитраат овие информации. Меѓутоа, таа уште во јуни јавно се закани со намалување на францускиот рејтинг поради големиот ангажман во спасувањето на Грција со купување државни обврзници.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска