1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сaркози, Барозо и Буш разговараат за финансиската криза

Ангела Улрих 18 октомври 2008

Претседателот на САД Џорџ Буш денеска се среќава со францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо на разговори околу светската финансиска криза. Средбата се одржува во Кемп Дејвис.

https://p.dw.com/p/FcaW
Саркози и Барозо на разговори со БушФотографија: AP

Европа треба да игра важна улога во надминувањето на глобалната финасиска криза, смета американскиот претседател Буш. Европската унија е подготвена за тоа, сигнализира од другата страна претседателот Саркози, кој изминатиот период видливо се ангажираше. Францускиот претседател телефонираше, менаџираше, патуваше, свикуваше средби, се лутeше, делеше пофалби, одлучуваше. Но: „Времињата во кои секој за себе работеше за среќа се минато. Отсега заеднички ќе им се спротивставиме на кризите.“ вели Саркози.

Претседателот Саркози досега организираше германско-француска средба, средба на евро групата, самит на Европската унија, а сега и разговор со американскиот претседател Буш. Се чини како една недела да има повеќе денови за фрнацускиот претседател, отколку за другите луѓе.

Признание за ангажманот на Саркози

Но она што досега многу европски партнери го критикуваа како слеп акционизам, сега се чини предизвикува почит „Европа никогаш не била водена со таков интензитет како сега“ вели шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер. Претседателот на Комсијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо во шега вели и дека сака да го продолжи мандатот на Саркози на чело на ЕУ и во наредната година.

Промена се забележува и во Франција каде расте популарноста на Саркози. Дури 60 проценти од Французите веруваат дека нивниот претседател може да се справи со проблемите:

„Енергичен е и се забележува дека целосно се ангажира. Сака да постигне напредок. Сака да ги придвижи работите.“ „Да не заборавиме дека е адвокат, човек кој знае да брани. Настаните не го колебаат, напротив добро се справува.“ „Јас не го сакам Саркози, но во овој случај не може да му се префрли, дека себеси се става на прво место. Напротив им дозволува на другите да зборуваат.“ велат граѓаните.

Никола Саркози има голем советнички тим и се чини дека почна да ги прифаќа нивните совети.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема