1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тага во Македонија и во странство за починатиот Претседател Борис Трајковски

5 март 2004

Во Македонија но и на Балканот ненадејната смрт на Претседателот Борис Трајковски остава болна празнина што тешко ќе може да се пополни. Македонците и светот загубија претседател кој ја познаваше моќта на простувањето а на земјата и донесе измирување во време кога ситуацијата беше експлозивна.

https://p.dw.com/p/AcPO
Премиерот се запишува во книгата на жалост
Премиерот се запишува во книгата на жалостФотографија: AP

Денеска кога неговите посмртни останки се пренесуваат до местото на вечниот мир граѓаните му благодарат.

„Жал ми е за претседателот. Го знаев уште од студентски денови, и го знаев како добар човек. Кога стана претседател останата истиот, добар и чесен.„

„Мајстор Гане јес ќе дојдам во дуќанот твој тука ќе сакам да се потстрижам. Одеше низ пазарот, по тезгите, ги прашуваше муштериите, трговците. Во секој разговор сакаше да подучи да докаже. Дури и сакаше да разговара најмногу со муштериите, немаше човек што не се зближи и што не го засака.„

Премиерот на Македонија Бранко Црвенковски кој на трагичниот ден во Даблин требаше да ја поднесе Апликацијата за членство во ЕУ го дели мислењето на граѓаните.

“Во овие тешки моменти, јас владата и граѓаните на Македонија заедно со смејствата на претседателот и на останатите настрадани, ја споделуваме нивната огромна болка. Го изразувам нашето длабоко жалење и искрено сочувство. Почитувани граѓани ова се моменти кога е неопходно единство на нацијата“.

Претседател на Европската Комисија Романо Проди кој во Скопје ја претставува Меѓународната заедница очигледно е потресен . “Пријател на Европа“ така тој го означи претседателот Трајковски. Континентот загуби пријател и приврзеник на толеранцијата. Останува чувство на горчина пред се зашто трагичниот ден требаше да биде ден на радост.

“Се надевам дека визијата на Трајковски ќе им остане во наследство на сите Македонци и дека ќе ги охрабрува и поддржува наскоро да пристапат кон Европските институции. Тоа ќе биде најдобриот начин да се зачува сеќавањето на овој голем човек кој целиот свој живот го стави во служба на својата земја и на својот народ.“

“Во овие тешки часови ЕУ ќе биде со Вас и ќе им помога на граѓаните“ рече Хавиер Солана кој само еден ден по несреќата дојде во Скопје. Дојде како пријател кој во овој момент сакаше да предупреди на единство на државата.

Смрта на Трајковски и кај германските политичари предизвика тага. Германскиот претседател Јоханес Рау во писмото до вдовицата Вилма напиша “Јас му бев пријател на Вашиот сопруг и со благодарност се сеќавам на нашите многубројни разговори и на оној последниот во ноември воБерлин.„ Длабоко потресен е и министерот за надворешни работи Јошка Фишер кој денеска во Скопје ја претставува Германија. Трајковски беше “Приврзеник на отворено и мултиетничко општество„ и напиша, Фишер на својата колешка од Македонија Илинка Митрева. “неговото однесување беше примерно не само за граѓаните на неговата земја туку и за целиот регион„ додаде Фишер. И потпретседателот на фракцијата на владејачката СПД Гернот Ерлер ги познава заслугите на починатиот претседател:

“Европа жали затоа што Борис Трајковски одигра три важни улоги. Тој беше доверлив партнер во попречувањето на граѓанската војна што во 2001 година и се закануваше на Македонија. Тој беше гарант за спроведувањето на мировниот договор од Охрид од август 2001 до денес и спроведе важни чекори за Македонија како земја во процесто на стабилизација и асоцијација јасно може да се насочи кон европските перспективи“.

Со претседателот Трајковски кој на должноста беше избран 1999 година ЕУ губи важен партнер на Балканот. Добар политичар кој секогаш настојуваше на подрамнување на интересите со соседите загубија и балканските земји. Затоа е и голем бројот на државниците од регионот кои денеска во Скопје му одаваат последна почит на Трајковски. И според мислење на албанскиот премиер Фатос Нано тешко ќе може да се најде соодветна замена за починатиот. Сепак Нано не се плаши дека смртта на Трајковски негативно ќе се одрази врз состојбите на Балканот:

„Јас исклучувам таков ефект со оглед на реалноста што денес владее во Македонија и со оглед на прогресивните чекори што се направени во спроведувањето на Охридскиот договор. Сето тоа благодарение на политичката воља на Трајковски.Тоа долгорочно го акцептираше целиот парламентарен спектар и македонското општество. Пред се затоа што важните политички актери во Македонија сега на неотповиклив начин се ориентираат во правец на соживот и интеграција на народните групи.“

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во говорот во Брисел истакна дека заедно со другите политичари на Балканот сака да ги продолжи напорите на Трајковски за стабилизирање на државите наследнички на бивша Југославија.

На Македонија ќе и биде потребен добар претседател некој кој ќе може да го продолжи наследството на Трајковски. Али Ахмети претседател на ДУИ е свесен за улогата на Трајковски за неговите албански сограѓани. И во иднина тој си посакува претседател за сите граѓани.

"Наша желба е претседателот на државата да стане претседател на сите граѓани на Македонија независно од тоа дали ќе биде Македонец или Албанец".

Трајковски веруваше во Македонија и во своите граѓани. Денеска македонскиот народ му се заблагодари за тоа. Достоинствено и со љубов народот се опростува од починатиот претдседател Борис Трајковски, кој иако остана скромен човек се докажа како голем регионален национален и европски водечки политичар.