1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ ги осуди нападите врз навивачите, полицијата ветува безбедно полуфинале

26 јануари 2012

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска ги осуди хулиганските напади врз хрватските навивачи и изрази жалење поради инцидентите во кои има и повредени.

https://p.dw.com/p/13qJ9
Борис Тадиќ: Ние сме гостољубива земјаФотографија: AP

„Србија отсекогаш била гостољубива земја и добар домаќин на своите гости, па така мора да биде и на претстојните ракометни мечеви. Наша традиција е кон секој гостин да се однесуваме со почит и уважување и никакви групички хулигани не смеат да ги срамат граѓаните на Србија и целата земја“, наведува денеска во своето соопштение српскиот претседател Борис Тадиќ.

Челниците на полицијата во Србија најавија дека полуфиналето на Европското првенство во ракомет меѓу Србија и Хрватска ќе мине безбедно и најавија дополнително ангажирање на полицијата за тој натпревар.

Serbien Krawalle Homosexualität Homsexuelle Anti Schwulen Proteste FLAsh-Galerie
Српската полиција ќе стори се‘ за безбедно полуфинале, се најавува во БелградФотографија: picture-alliance/dpa

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги повика домашните навивачи да не се однесуваат како хрватските хулигани: „Нападите врз хрватските навивачи во Србија се недопустливи инциденти кои го нарушуваат угледот на Србија и не треба да оденсуваме како нив кога нашите ќе отидат таму“, рече Дачиќ денеска и побара од Хрватска на полицијата на Србија да и‘ ги најави организираните доаѓања на навивачи, за тие да бидат заштитени од страна на полицијата.

Хрватски навивачи нема да патуваат организирано?

Медиумите во Загреб, пак, денеска јавуваат дека хрватските навивачи најверојатно нема да дојдат организирани во Белград на полуфиналниот меч на ракометното првенство на Европа со Србија.

„Се обидуваме да направиме се‘ што е до нас, но во ваква ситуација организаторот е беспомошен. Би требало да се донесат 50.000 полицајци за да помине се’ како што треба. Мораме да се прилагодиме на тешката ситуција. Единствено што ние можеме е да препорачаме на навивачите воопшто да не доаѓаат во Србија, затоа што мислиме дека тоа е најпаметно“, рече потпретседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Зоран Гобац.

Handball Europameisterschaft Frankreich Kroatien Fans
Хрватските навивачи нема да доаѓаат во Белград организирано?Фотографија: picture-alliance/dpa

Хрватската државна телевизија наведе, дека и некои туристички агенции ги откажале аранжманите за доаѓање во Белград, што го потврди и претседателот на тамошниот сојуз, Санди Пола.

Група од 30 до 50 хулигани во вторникот навечер (24.01) нападнаа во Нови Сад хрватски навивачи по натпреварот меѓу Хрватска и Франција. Според најновите информации, српската полиција уапсила 13 лица, меѓу кои и организаторите. Немирите во Нови Сад продолжиле и во текот на изминатата ноќ, јави белградското радио Б-92. Притоа биле запалени неколку автомобили.

Натпреварот на полуфиналето на ракометниот ЕП Србија - Хрватска се игра утре (27.01) во 20,15 часот, во Белградска арена.

Автор: ЕМФ/ бета/ миа

Редактор: А. Трајковска