1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тадиќ: Не можат општините да го решаваат проблемот на Косово

7 јануари 2012

Српскиот претседател Борис Тадиќ за време на престојот во манастирот Велики Дечани кај Пеќ, околу референдумот што треба да се одржи во неколку општини на Србите во северно Косово изјави дека „моментот е многу деликатен“

https://p.dw.com/p/13fnt
Борис Тадиќ и владиката Теодосије во Велики ДечаниФотографија: Reuters

Во интервју за телевизијата Мост, српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека референдумот во општините на северот на Ксово, најавен за средината на февруари, е „израз на потребите на граѓаните уште една да кажат дека не ги прифаќаат таканаречените косовски институции, но тоа може да ги доведе во прашање интересите на државата“. Според Тадиќ, „моментот е многу делкитане и може длесно да се направи грешка која подоцна нема да можеме да ја исправиме со години“.

„Нашиот маневарски простор на Косово е многу стеснет. Во тие околности сите институции и секоја општина, не само на северот на Косово, туку и во цела Србија мора да ја усогласуваат својата политика со онаа којашто ја водат централните државни институции, задолжени да водат политика кон светот. Овој проблем не може да се реши на тоа ниво, не можат општините да го решат проблемот на Косово и Метохија“, рече Тадиќ.

Kosovo Boris Tadic Weihnachten Kirche
Фотографија: Reuters

Српскиот претседател повтори дека нема да ја признае незваисноста на Косово и истакна дека „мора да се најде решение кое ќе ги има превид не само нашите интереси, туку и албанските национални интереси“. Тадиќ е уверен дека тоа е можно.

Срспкиот претседател ги слави Бадник и Божик во манастирот Велики Дечани кај Пеќ. Тој истакна дека сака да „упати порака на мир до Србите и Албанците“. Доаѓањето на Тадиќ во манастирот вчеравечер доцнеше, поради протести на Албанци во Дечани поради неговото доаѓање.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: С. Недевски