Тадиќ: Последна кандидатура за претседател на Србија
22 април 2012„Ова сосема сигурно е последен претседателски мандат за кој јас се кандидирам. Секако дека и по четврти пат не би се кандидирал за претседател на Србија, бидејќи сметам дека тоа не е соодветно, земајќи ги предвид политичкиот систем и политичката култура во која се наоѓаме“, изјави претседателот на српската Демократска партија Борис Тадиќ за Прва српска телевизија.
Тадиќ за првпат беше избран за претседател на Србија во 2004. година, а го привршува неговиот втор мандат на функцијата.
Претседателските избори ќе се одржат заедно со парламентарните и локалните на 6 мај. Кандидатура за претседател на Србија истакнаа 12 кандидати. Според последните анкети спроведени во земјата, Тадиќ води во анкетите со околу три проценти пред најсилниот предизвикувач - кандидатот на Српската прогресивна партија Томислав Николиќ.
Потоа според популарноста следуваат Ивица Дачиќ од коалиција околу Социјалистичката партија , лидерот на ДП на Србија Воислав Коштуница , лидерот на движењето Пресврт Чедомир Јовановиќ, кандидатот на Обединетите региони на Србија Зоран Станковиќ и кандидатката на Српската радикална партија, Јадранка Шешељ.