1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Таинствениот главен град на пивото

14 ноември 2008

Бамберг е град на пивото. Таму се произведуваат над 50 сорти во девет пивари. Кој сака, за време на невообичаената обиколка на градот, може да ги посети изворите на напитокот од јачмен.

https://p.dw.com/p/F9xo
Старата општинска зграда на Бамберг

Низ градот постојано се шири ароматичен мирис на слад и квасец, но исто така и надвор од средновековните граници на градот, тешко дека ќе го изгубите „мирисот“. Со 180 пивари помеѓу Кобург и Форхајм, во околината на Бамберг се концентрирани толку многу пивари, како на ниедно друго место во светот.

Alte Häuser in Bamberg
Стари куќи во БамбергФотографија: Illuscope

Затоа, регионот понекогаш го нарекуваат и „Пивска Франконија“.

Благовремено беше препознаен квалитетот

Но Бамбержаните не се големи љубители на сувото вино од Франконија. Сакаат кога е послатко, пивливо. Повеќе од илјада години, колку што постои Бамберг, секогаш наоѓале време да ги подобрат рецептите. И уште во 1489 година, значи 27 години пред да биде донесен познатиот „војводски баварски закон за чистота“, на 23 април 1516 година, бамбершкиот кнез - бискуп Хајнрих III се грижел за квалитетот на омилениот пијалок на неговите Бамбержани. Тој препорачал дека за добро пиво не е потребно „ништо повеќе од хмељ, слад и вода“. 44 години подоцна беше основана пиварата „Клостерброј“ како „кнежевско-бискупска пивара на Бамберг за темно пиво“.

Гостилница со сауна

Historischer Brauereiausschank Aecht Schlenkerla Rauchbier
Чадено пиво, специјалитет на градотФотографија: presse

Во музејот-пивара на Михаелсберг ќе дознаете дека еден литар пиво покрај витамини и јаглехидрати, исто така содржи и калиум и магнезиум, кои покриваат 20 односно 45 проценти од дневните потреби. Но ретко кој размислува поинаку, кога секој четврток повторно ќе се соберат на средба во сауната во „Шенкерла“, една бамбершка институција. Како да не им е доволно да уживаат во вкусот на чадено пиво, кое се точи од буриња од дабово дрво, господата се потат на тешките столици во просторијата која е полна постојано, без прекин, а пред скоро 600 години првпат се нашла во архивските книги.

Името е основниот концепт

Јачменот сушен на оган од буковина е тајната на „вистинското чадено пиво од Шенкерла“, кое денес се продава дури и во Јапонија, Шведска и Америка. И покрај традицијата, во меѓувреме може да се купи и преку интернет. Но внимавајте, името е основниот концепт. „Шенкерла“ е наречена по еден поранешен пивар, кој се нишал кога одел. Тоа била последица од некоја несреќа. Сепак за пивото и денес важи дека од него човек може да почне добро да се ниша!