1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Такси-авиони за милионери

Феликс Карте/Б. Георгиевски22 октомври 2012

Светските милионери не жалат пари за да си ги задоволат желбите. Во тоа од неодамна сесрдно им помага и авио-компанијата Ер Чартер Сервис, која ги таксира богаташите по светските шопинг дестинации.

https://p.dw.com/p/16RG9
Фотографија: picture-alliance/dpa

Авион-такси, тоа е бизнис моделот на фирмата Ер Чартер сервис. 16 илјади долари за еден ден е секако неспоредливо со цените на обичното такси, но затоа нарачателот може да гo одреди денот на патувањето, а за време на летот добива се’ што ќе посака. Но, и многу од работите кои им се случуваат на сопствениците се неверојатни.

„Пред извесно време не’ повика една арапска принцеза. Била на шопинг во Париз. Имаше 57 куфери багаж за кој едноставно немаше место во нејзиниот авион. По неколку телефонски разговори успеавме да и’ организираме товарен авион и таа успеа да го пренесе целиот плен од шопингот на Блискиот Исток“, вели Крис Лич, шеф на Ер Чартер Сервис.

Минатата година профитот на Ер Чартер сервис порасна за 15 отсто. Европејците не придонесуваат многу за тоа, бидејќи во изминативе години тие загубија многу пари на берзите и станаа поштедливи. Но, расте бројот на патници од Далечниот Исток. Според едно неодамнешно истражување, бројот на милионери само во Кина до 2017. година ќе се удвои.