1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талер бара датум за Македонија во март 2010

18 јануари 2010

Во извештајот поднесен до Комитетот за надворешни работи во Брисел, словенечкиот пратеник Зоран Телер поднел повеќе амандмани. Фокусот е ставен на европскиот напредок на Македонија.

https://p.dw.com/p/LYb1
Европскиот парламентФотографија: Photo European Parliament

Се ближи датумот на усвојување на годишната резолуција на Европскиот парламент за Македонија. На 26-ти јануари европските пратеници од Комитетот за надворешни работи во Брисел ќе гласаат за амандманите на извештајот на словенечкиот европратеник Зоран Талер.

Известувачот Талер важи за умерен пратеник, неговата нацрт резолуција објавена пред неколку месеци беше оценета како избалансирана за Грците и за Македонците.

Тој веќе ги поднесе неговите амандмани, на сопствениот извештај, но ниту еден не се однесува на прашањето за името.

Фокусот е ставен на европскиот напредок на Македонија

Талер во амандманите не пропушта да ја поздрави иницјативата на официјална Атина за интегрирање на регионот во ЕУ до 2014-та година и ги повикува властите да вложат напор за постигнување на оваа цел. Известувачот за Македонија изразува загриженост за одложувањето на стартот на преговори со земјата од страна на Советот на министри во декември. Според него, ова може да донесе влошување на интеретничките тензии внатре во земјата и може да има негативни последици врз стабилноста во регионот.

Соочен со одложениот датум за преговори, Талер, кој во првичната нацрт верзија го повикуваше Советот да започне преговори со Македонија во декември, со новите амандмани бара датумот да се одреди во март 2010-та на следниот Министерски совет.

Бугарските и грчките пратеници бараат посилна формулација за добрососедските односи

Од своја страна и грчките пратеници поднесоа свои измени за извештајот на Талер, во повеќе наврати инсиситираат да не се споменуваат датуми во резолуцијата, ниту да се повикува Советот на што поскоро отворање на преговорите со Македонија.

И бугарските и грчките пратеници бараат посилна формулација за одржувањето добрососедски односи и повик до македонските власти да се воздржат од провокации кон соседите.

Грчките пратеници сакаат во резолуцијата на Парламентот да се истакнат изборните нерегуларности од 2006, 2008 и 2009 година и сакаат да видат реченица во која ќе се потенцира дека се’ уште нема судска разврска за инцидентите од парламентарните избори во 2006-та, што остава простор за загриженост дека во Македонија сторителите остануваат неказнети.

Низа амандмани се предложени и во областа на меѓуетничките односи. Особена загриженост во Брисел предизвикаа етничките смени во Струга.

Само еден пратеник, британскиот конзервативец Чарлс Танок, бара да се избрише терминот „антиквизација“ од резолуцијата на Талер. Иако се користи под наводници, овој термин за првпат лани се официјализира во документ на една европска инситуција.

Вкупно околу 80 измени предлагаат европратениците за резолуцијата на Зоран Талер за Македонија.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Александра Трајковска