1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тарзан“ во детска интерпретација

Јирген Хинрикс/ Александра Трајковска 2 март 2013

Још Венкел има само десет години, а веќе е вистински професионалец. Неговата досегашна улога: младиот Тарзан во истоимениот мјузикл. За тоа две години тренираше повеќепати неделно.

https://p.dw.com/p/17idC
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тренинг за загревање во музичкиот театар во Хамбург. Још Венкел е едно од десетте деца - актери кои го глумат Тарзан во истоимениот мјузикл. Паралелно со училиштето две години тој напорно тренираше за својата улога.

„Детето, односно Тарзан, никогаш не видел човечки движења. Тој се движи како мајмун. И сега уште еднаш ги повторуваме сите мајмунски движења“, вели тренерот на актерите од мјузиклот.

За да може убедливо да го игра „Тарзан“, кој бил присвоен од мајка мајмунка, Још мораше да ги научи јазикот и мимиката на животните. Тој има 10 години и е најмладата ѕвезда на мјузиклот во Хамбург, но ги има сите предиспозиции за улогата.

„Потребно ми е изразито спортско дете. Покрај тоа, се разбира, многу е важен и гласот,“ дополнува тренерот.

Tarzan Comics 100 Jahre Zeichentrickfilm
Како во цртаниот филм - младиот Још исто така изведува акробации во воздух, но на театарската бинаФотографија: picture-alliance/dpa

Уште еден час до шоуто. Сега е гласот на ред, и тој треба да се загрее. Во тоа му помага диригентот Маркус Кучевски.

„Отсекогаш со задоволство пеев, а и се интересирав за тоа. Но, дури овде тоа стана вистински професионално“, подвлекува младата ѕвезда на мјузиклот „Тарзан“ Још Венкел.

Уште една проба на пејачките делници. За децата - актери секогаш има резервен пејач. Досега на Још само еднаш му се случи да му откаже гласот.

Уште 30 минути до почетокот на претставата. Во шминкерницата тукушто го подготвија неговиот татко-мајмун. Још мора уште да чека.

Потоа е тој на ред и ќе биде претворен во момчето Тарзан. Још би можел да ја игра улогата уште околу две години. Потоа ќе биде престар за неа. Повеќепати во годината музичкиот театар во Хамбург бара талентирани деца - актери за Тарзан. Така и тој дојде овде.

„Од секогаш сакав да застанам на сцена. Мојот другар е пријавен во хамбуршката рекламна агенција и тие понудиле такво нешто. Потоа мајките си раскажале меѓусебе и така и јас стигнав до ова,“ вели 10 годишниот Још.

Tarzan Musical
Тарзан мораше да ги научи движењата и мимиките на животнитеФотографија: picture-alliance/ dpa

На крајот Још го врзуваат со сигурносен ремен, оти на бината тој станува и акробат во воздух: „Беше толку необично. Можеби веќе сум пробал во парк со справи за качување. Но, ова е поинаку оти вистински се лета, врзан само на една сајла.“

Мјузиклот е успешен: претствата досега ја видоа околу три милиони посетители.

„Добро, со среќа! Уживај во шоуто!“

Првите чекори на бината секојпат се возбудливи. Но, тремата е составен дел. И, можеби малиот Тарзан ќе израсне во голема мјузикл-ѕвезда.