1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тарчуловски деновиве треба да се врати во Македонија

СН/БГ/макфакс/миа9 април 2013

Адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски потврди дека вчера ја добил одлуката на претседателот на Хашкиот трибунал со која на Јохан Тарчуловски му е одобрено предвремено пуштање на слобода.

https://p.dw.com/p/18CQ0
Фотографија: Nenad Velickovic

Во изјава за македонските медиуми адвокатот Апостолски денеска уште посочи дека одлуката на Хашкиот трибунал е Тарчуловски веднаш да биде пуштен на слобода со оглед дека веќе одлежа осум години односно две третини од пресудената затворска казна, што беше услов за

негово предвремено ослободување. Апостолски изјави дека во тек е  техничка процедура со оглед дека Тарчуловски во Германија со оглед дека казната ја одлежуваше таму о  се наоѓа под јурисдикција на оваа земја, но оти очекува во наредните денови тој да се врати во Македонија.

Во одлуката од Хашкиот трибунал нема ограничувања за тоа дали Тарчуловски понатаму може да се занимава со политика и други дејности. Според неговиот адвокат, Тарчуловски може да се занимава со било што. Тој не е запознат како ќе биде организиран пречекот на Тарчуловски.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) (фото горе) вчера објави дека Тарчуловски, откако одлежал осум од неговата 12-годишна затворска казна, ќе биде ослободен. МКТЈ го осуди поранешниот полициски офицер Тарчуловски, за воени злосторства извршени за време на конфликт во Македонија во 2001 година, меѓу македонските безбедносни сили и етничките албански бунтовници.

Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која убила тројца цивили, етнички Албанци и извршила други злосторства во село Љуботен, скопско. Судот го ослободи претпоставениот на Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој беше обвинет за командна одговорност