1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи на средба со Бучковски во Скопје

Александар Чомовски15 февруари 2006

Интензивна дипломатија пред почетокот на преговорите за статусот на Косово најавен за 20 - ти феруари во Виена. Денеска во Скопје престојуваше еден од членовите на косовскиот преговарачки тим, Хашим Тачи кој се сретна со македоснкиот премиер Владо Бучковски.

https://p.dw.com/p/Ac8t
Скопје
СкопјеФотографија: DW

„Верувам во независно Косово и европска Македонија“ изјави во Скопје Хашим Тачи. Тој е еден од главните преговарачи во Виена, заедно со српската делегација и медијаторот Марти Ахтисари.

Лидерот на косовската опозициска ДПА и еден од главните командаднти на КЗК, по разговорите со македонскиот премиер Владо Бучковски искрено и без протоколарност изјави :„Ја ценам прагматичноста на македонската влада.“ рече Хашим Тачи

„Моделот на децентрализација според Охридскиот договор се спроведува на Косово но и натаму е интересен за нас.“ кажа гостинот од Приштина.

Македонскиот премиер Владо Бучковски со Хашим Тачи се среќава по вторпат, а македонскиот шеф на владата одржува и интензивни контакти со косовскиот премиер и политичари

„Република Македонија не претендира да има готови решенија за ова отворено прашање. Претендира и натаму да биде конструктивна. Претендира и натаму да промовира неутралност, но од друга страна прагматичност и реалност. На крајот би сакал да истакнам дека оваа средба е почеток на серијата средби кои во наредните две недели ќе ги имам со лидерите од регионот.“ кажа премиерот Бучковски со најава дека во февруари ќе има средба со Тадиќ и Ѓукановиќ, а во Драч и со премиерите од јадранската тројка на Хрватска, Иво Санадер и на Албанија Сали Бериша.

Еден од советниците на Бучковски за „Факти“ изјави дека македонскиот премиер ја протежира идејата за независно Косово, според моделот на поствоена Австрија, значи со меѓународен мониторинг, пишува за „Факти“ Мерсил Биљали.

Многу повнимателен за идниот статус на Косово е претседателот на Македонија Бранко Црвенковски

„По прашањето на финалниот статус на Косово, тој во повеќе наврати е соопштен, а тоа е дека: Република Македонија, ќе го подржи она решение кое ќе прозилезе како резултат во преговорите кои на некој начин веќе почнаа меѓу Белград и Приштина, со посредство на меѓународната заедница. Токму оваа принципиелна позиција го штити нашиот национален и државен интерес од една страна и во исто време го респектира ставот на меѓународната заедница, која во оваа фаза бара да не се прејудицира финалнотот решение.“ реагираше денеска претседатело на Македонија Црвенковски.

За идниот статус на Косово, Македонија особено е заинтересирана и поради не обележаната граница кон покраината, за што за време на владеењето на Ругова и пототоа доаѓаат различни ставови. Но дали тоа ќе биде дел од пакетот за преговорите на идниот статус на Косово ќе се знае по трилатерните средби на премиерот Бучковски со регионалните лидери.