1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: „Ќе се потрудиме заедно“

Александар Чомовски18 март 2008

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи најверојатно ќе го жртвува младиот сопартиец, Имер Алиу, кој со навреди на сметка на премиерот, Никола Груевски, ги поведе петте министри на ДПА во бојкот на владата.

https://p.dw.com/p/DQXm
Мендух ТачиФотографија: Petar Stojanovski

Самитот на НАТО во Букурешт е мотив за нов пресврт во политиката на Мендух Тачи. Тој рече: „Од моја страна ќе направам се‘ што можам за да дојдеме до договор, зашто тој процес ни‘ е важен на сите. “

Доколку ги надминат разликите околу шесте барања на ДПА, но и личните суети и разбудената меѓусебна недоверба, премиерот Груевски и лидерот на ДПА, Тачи може да обезбедат посилна преговарачка позиција во грчко-македонските разговори за името. Лидерите на четирите парламентарни партии, денеска (18.03.2008) или утре ќе дебатираат кој од најновите три предлози за можна промена на името или рефренцата би можел да биде компензација за членство во НАТО.