1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајландската премиерка нуди референдум

ЕМФ/афп/дпа/дв8 декември 2013

Премиерката на Тајланд Јинглак Шинаватра понуди одржување референдум за нејзината политичка иднина со оглед на новите масовни протести во земјата.

https://p.dw.com/p/1AV1v
Фотографија: Reuters

Ако мнозинството граѓани на Тајланд одлучи дека сака нејзина оставка, таа е подготвена да се повлече од власт, вели тајландската премиерка Јинглак Шинаватра. Таа сепак го отфрла барањето на опозициониот лидер Сутеп Таугсубан за предавање на власта во рацете на Народен совет. Според Шинаватра, ваквото барање е недемократско и е спротивно на Уставот.

Thailand Proteste 02.12.2013
Протестите не стивнуваатФотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме, опозиционата Демократска партија соопшти повлекување на своите пратеници од Парламентот, поради тоа што тој ја загубил својата демократска легитимација. Лидерот на партијата Абхисит Веџаџива изјави дека пратениците сега ќе им се приклучат на протестите на противниците на Владата.

Во Тајланд со недели има протести против власта. Демонстрантите ја обвинуваат Владата за корупција и бараат нејзина оставка. Новиот бран протести беше поттикнат од контроверзен закон за амнестија. Демонстрантите стравуваат дека братот на Јинглак, Таксин, кој беше соборен од власт во 2006 година и сега е во егзил во Дубаи, сака да се врати во земјата. Законот за амнестија беше стопиран од страна на Сенатот, но протестите не стивнуваат.