1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајландско-камбоџански борби за храм

22 април 2011

Во најтешкиот судир меѓу Тајланд и Камбоџа на меѓусебната страница во последните три месеци, денеска (22.04) загинаа најмалку двајца тајландски и тројца камбоџански војници.

https://p.dw.com/p/112Kc
Во борбите има најмалку петмина загинати
Во борбите има најмалку петмина загинатиФотографија: picture alliance/dpa

По повеќе од два месеца релативен мир, тајландски и камбоџански војници денеска повторно се судрија на границата меѓу двете земји. Тајланд и Камбоџа меѓусебно се обвинуваат дека почнале со пукање. Портпарол на камбоџанското министерство за одбрана Чум Сочит изјави дека борбите се воделе на околу 250 километри западно од храмот Пра Вихар, околу кој Тајланд и Камбоџа борби водеа во февруари годинава. Меѓународниот суд во Ден Хаг во 1962 година донесе одлука според која руините на 900 години стариот храм Пра Вихар и‘ припаѓаат на Камбоџа. Главниот влез на храмот, меѓутоа, се наоѓа на тајландска почва. Во судирите околу храмот во февруари загинаа најмалку десет лица.

Храмот Пра Вихар
Храмот Пра ВихарФотографија: dapd

Денешните борби, како што наведе портпаролот Чум, се воделе околу храмот Та Крабеј, за кој двете соседни земји исто така спорат и го сметаат за свој. При судирот биле употребени ракетни фрлачи и автоматско оружје. Според портпарол на тајландската армија, во судирот била употребена и артилерија.

Автор: ЕМФ/ЖА/афп/ртр/дапд

Редактор: Жана Ацеска