1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајна прослава на националниот празник

18 август 2008

Наскоро авганистанската армија треба од ИСАФ трупите да ја преземе грижата за безбедноста во Кабул. Но, и покрај тоа, свеченостите по повод нацоналниот празник ќе бидат одржани на тајно место поради страв од напади.

https://p.dw.com/p/EzhK
Авганистанската армија треба да ги преземе задачите од странските силиФотографија: AP

Кабул на денот на независноста: полицијата ангажирана во голем број и за првпат свечености без присуство на јавноста. Знаци на зголемена нестабилност на Хиндукуш. Пред една година на овој ден на стадионот во авганистанскиот главен град Кабул присуствуваа околу 40 илјади луѓе, тука беше и претседателот Хамид Карзаи, членови на владата, странски дипломати. Но, во меѓувреме авганистанската влада не сака да влегуваво ризици, дури и местото на одржувањето на свеченоста е тајно.

Бројни напади во последно време

Не е заборавено дека милитантните исламисти пролетоска се обидоа да извршат атентат на воена парада.Авганистанскиот министер за образование штотуку избегна напад во главниот град. На викендот странските и авганистанските трупи во јужниот дел на земјата водеа жестоки престрелки со бунтовниците, во нив загинаа повеќе од 60 Талибанци, но и четворица цивили. Во провинцијата Кандахар десет домашни полицајци загинаа во атентат, во источниот дел двајца припадници на меѓународните сили паднаа во заседа. Во Авганистан во моментов се стационирани околу 70 илјади странски војници, трипати повеќе отколку во 2003 година, напредува и создавањето на авганистанските сили на безбедноста, но Талибанците се престројуват. Нивните логори за обука се наоѓаат во соседниот Пакистан, оттаму влегуваат во Авганистан преку порозната граница. Само во оваа година во Хиндукуш загинаа најмалку 2500 луѓе, меѓу нив илјада цивили, најголем дел од нив во напади од бунтовниците.