1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајните служби под се‘ поголем притисок

ЖА/дв/дпа/шпигел22 јули 2013

Германскиот магазин „Шпигел“ објави дека Службата за заштита на уставот и германската разузнавачка агенција БНД ја користат програмата за шпионирање на американската НСА. Со тоа расте притисокот врз тајните служби.

https://p.dw.com/p/19BaF
Фотографија: imago/INSADCO

Германската служба за заштита на уставот соопшти дека ја тестирал програмата заприслушување од американската тајна служба НСА, но „моментно не ја користи“ во своите активности. Се наведува дека спроната програма во Германија не врши собирање на податоци. НО, тоа не значи дека тие не се проследуваат во САД, ниту дека таа програма содржи податоци од Америка. Сето тоа не била намерата, се наведува во соопштението од Службата за заштита на уставниот поредок.

Шпионска програма "XKeyscore"

Магазинот „Шпигел“, повикувајќи се на тајни дикументи од НСА, Американската служба за национална безбедност, пишува дека освен Службатаза заштита на уставот и тајната служба БНД ја користи шпионската програма "XKeyscore". Шефот на БНД Герхард Шиндлер донеодамна не се изјасни конкретно на оваа тема. Во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“ тој сега изјави: „Не постои проследување на милиони податоци месечно од Германија кон САД преку нашата служба“. Според негови зборови, во 2012 година на НСА и‘ се проследени поединечни податоци задве лица.

Пристап до 500 милиони податоци

Магазинот „Шпигел“ има информации според кои Службата за заштита на уставот со инсталирањето на програмата "XKeyscore" требало да биде оспособена за поддршка на НСА во заедничката борба против тероризмот. БНД би требало да „ја подучи“ Службата за заштита на уставот во користењето на оваа програма. „Шпигел“ тврди - оваа програма овозможува, покрај другото, собирање информации за поимите кои одредена личност ги користи во програмите за пребарување преку интернет. Од тајните документи, на кои се повикува магазинот, месечно со "XKeyscore" се опфатени околу 500 милиони податоци во Германија, до кои САД имаат пристап.

Во декември 2012 година поради проверка на програмата биле собрани 180 милиони примероци. Од споменатите документи произлегува дека е интензивирана соработката меѓу германските тајни служби и НСА. Се споменува и „ревноста“ на шефот на БНД, Шиндлер.

„БНД работеше на тоа да повлијае врз германската влада во насока на олабавување на законите за заштита на податоците на долгорочен рок, за да се отвори можност за голема размена на информации на тајните служби“, се наведува во белешките на еден соработник на НСА, на кои се повикува „Шпигел“.