1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајни израелско-сириски контакти

9 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApyQ

Израелскиот министер за сообраќај Шаул Мофас ги потврди контактите со Сирија за испитување на можноста за мировни преговори. Преку тајни канали е постигнато приближување, рече Мофас. Од сириска страна се’ уште нема официјална реакција. Израелските меидуми претходно известуваа дека премиерот Ехуд Олмерт бил подготвен на отстапки спрема Сирија, како повлекување од Голанската висорамнина, која е од големо значење за снабдување со вода во регионот.