1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тежок пат до втората меѓународна конференција за Сирија

СН/АТ/дапд/дпа/ртр25 мај 2013

Во рамките на дипломатските напори за решавање на конфликтот во Сирија, Русија врши притисок врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад да прифати учество на втората меѓународна конференција за Сирија.

https://p.dw.com/p/18dnH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Од официјални претставници на властите во Москва се дознава дека владата во Дамаск „во основа“ е подготвена за учество на меѓународната средба, планирана да се оддржи во јуни. Притоа останува нејасно дали претседателот Башар ал Асад би учествувал на конференцијата. Но и многу други прашања и натаму остануваат отворени. Дури и точниот термин за оддржување на конференцијата во Женева не е утврден. Истотака и опозициската Сириска национална коалиција се' уште не донела конечна одлука за нејзините заеднички позициии на планираната средба. Таа во моментов заседава во Истанбул во обид да ги договори заедничките позиции и да донесе одлука кој би ја претставувал на средбата во Женева. Нејзиниот портпарол Луај Сафи, најавата која дојде преку Москва за можно учество сириската влада на конференцијата како многу проблематично, истакнувајжи дека властите во Дамаск треба директно да се изјаснат.

Во понеделник министрите за надворешни работи на САД и на Русија Џон Кери и Сергеј Лавров на тет-а-тет средба во Париз имаат намера да разговараат за сирискиот конфликт и за плановите за втората меѓународна конференција за Сирија. Во јуни минатата година во Женева, Швајцарија се оддржа првата голема интернационална средба посветена на конфликтот во Сирија. Заклучоците за постигнување мировно решение за земјата кои беа донесени на таа конференција, меѓутоа никогаш не беа спроведени поради разликите во ставовите кои опстојаа и по оваа средба.