Манифест од натур-бетон

Бруталистичка архитектура првенствено значи многу бетон во сурова состојба. Името на стилот доаѓа од немалтерисан, видлив бетон, на француски "béton brut". Предводник на тој модернистички градежен стил беше прочуениот архитект Ле Корбизје. Но, на многу објекти денес им се заканува руинирање или уривање.

Брутализам ширум светот

Време на процут на брутализмот беше периодот од 50-те до 70-те години на минатиот век. Ширум светот никнуваа бетонски колоси и насекаде предизвикуваа спорови. Во Индија во 1951. година Ле Корбизје инспирира нови архитектонски струења на потконтинентот со две маркантни градби во Чандигар и Ахмедабад.

„Ел Хеликоиде“ во Каракас

„Хеликоиде де ла Рока Тарпеја“ во Каракас, Венецуела, требаше да биде огромен шопинг-центар. Изградбата беше запрена во 1960. година поради проблеми со финансирањето и политички конфликти. Во 70-те години зградата беше илегално запоседната, а подоцна беше и седиште на тајната полиција. И денес таа се користи како затвор за политички затвореници. Други делови се напуштени и опкружени од сламови.

Етапни победи во заштитата

Некои бруталистички објекти денес се заштитени како споменици. Тие не смеат да бидат урнати, но користење сепак е проблематично. На пример, автобуската станица Престон во Велика Британија е преголема за бројот на автобуси кои треба да пристигнуваат или поаѓаат од тука. Едно архитектонско биро од Њујорк сега планира делумна пренамена во ѕид за качување, фудбалски терен и скејтерски полигон.

Загрозен е германскиот брутализам

И во Германија се загрозени бруталистичките градби. Проектот #SOSBrutalismus на Германскиот музеј на архитектурата во соработка со фондацијата Вистенрот сака да го сврти вниманието на руинирањето на тие објекти. Меѓу нив спаѓа и таканаречениот „бункер за глувци“, односно објектот на Централните животински лаборатории на Слободниот универзитет во Берлин.

Брутализмот во Источна Европа

Во последните години се објавени многу обемни фото-албуми за разновидноста на бруталистичката архитектура во Источна Европа. Здружението на архитекти води кампања под име „Респект Мадам“ за зачувување на „Хотел Термал“ во Чешка.

Пет градби од Македонија на листата

На веб-страницата за заштита на брутализмот се наоѓаат пет градби од Скопје: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и зградата на Градскиот архив; потоа комплексот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (на фотографијата), седиштето на Поштата и зградата на Хидрометеоролошкиот завод.

Нов однос кон брутализмот

Хабитат 67 во канадскиот град Монтреал е меѓу најпознатите бруталистички градби. Го проектира архитектот Моше Сафди за светската изложба Експо во 1967. година и всушност требаше да биде сфатен како контрареакција на брутализмот. Од 2009. година овој објект е заштитен како споменик.

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو