1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тереноар: Нема причина Македонија да се наоѓа во ваква состојба

АМ/миа/макфакс2 ноември 2013

Спорот за името и‘ одговара на Грција за внатрешнополитички цели, оцени македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тој вели дека Грција се обидува да наметне решение надвор од меѓународно-правната рамка.

https://p.dw.com/p/1AAgj
Фотографија: Toni Glamcevski

Министерот Попоски смета дека не е случајно што Европската комисија пет години по ред оценува дека Македонија е подготвена да ги почне преговорите, но оти Советот не може да постигне консензус поради противењето и, како што вели, искористувањето на позицијата на сила внатре во ЕУ од една земја членка која, според него, сака да наметне определено решение надвор од меѓународно-правната рамка.

„Но, повеќе и‘ одговара заради внатрешнополитички цели. Тоа што е значајно за нас е да продолжиме да бидеме посветени на она што претставуваат европски реформи и почитување на меѓународното право од страна на Република Македонија. Веруваме дека силна Европа може да биде само праведна Европа која ги почитува истите меѓународни норми за кои се залага и ги промовира. Затоа работиме заедно со нашите партнери во Брисел и во главните градови на земјите членки“, рече Попоски.

Тој учествуваше на денешната конференција по повод 20-годишнината од основањето на Паневропската унија на Македонија. Претседателот на Меѓународната Паневропска унија Алан Тереноар истакна дека Македонија и’ е потребна на ЕУ, бидејќи е европска држава.

DEUTSCHE WELLE HAS THE RIGHTS TO PUBLISH ALL THE PHOTOS SENT FROM MYSELF PETR STOJANOVSKI, WITH NO TIME LIMIT. Best regards, Petr Stojanovski
Фотографија: Petr Stojanovski

„Отсекогаш била таква и нема никаква причина да се наоѓа во состојбата во која сега се наоѓа. Паневропската унија стопроцентно ја поддржува Македонија. Ни треба Македонија внатре во Европската унија и треба сите да бидеме заедно, да работиме заеднички, како европски држави. Да работиме напорно за посилна Европа и Европа која го остварува она што ни е потребно“, посочи Тереноар.

Европската унија да биде искрена и да признае дека спор наметнат од страна на една членка на ЕУ е билатерален спор, изјави Марјан Ѓорчев, претседателот на Паневропската унија на Македонија.