1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад врз војник во Лондон

ЖА/дв/дпа/ртре23 мај 2013

Кратко пред фудбалското финале во Лигата на шампиони во Лондон, со посебен интерес очекувано во Германија, во градот владее страв од терор. Убиството на еден маж очигледно го извршиле исламистички фанатици.

https://p.dw.com/p/18cQy
Фотографија: Reuters

Убиство среде бел ден во квартот Вулвич во престолнината на реката Темза: неколку метри од касарна, вчера на улица беше убиен човек. Убијците извикувале „Алаху акбар“ , „Господ е голем“, јавуват медиумите.

Бруталното убиство во Лондон, во кое двајца мажи со сатар убија човек во близина до касарна, најверојатно било мотивирано од радикалниот ислам, изјавија британски владини претставници.

Властите не ја идентификуваа жртвата по име, но на прес-конференција во Париз со британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Франсоа Оланд ја нарекуваше жртвата „војник“. Камерон, меѓутоа, не го потврди тоа. Британскиот премиер изјави оти има „силни индикации“ дека убиството во Лондон е терористички акт.

Тој додаде дека Велика Британија и претходно преживувала такви напади и нема да биде исплашена.

Други двајца владини претставници, кои говореа под услови за анонимност, изјавија дека таа оценка не е базирана единствено на видео записот, на кој едниот осомничен дава политички изјави против британската Влада.

Скотланд Јард потврди дека истргата за убиството се води од одделот за борба против тероризмот. Двајцата осомничени биле ранети и се приведени. Тие се наоѓаат во болница, а состојбата на едниот од нив е тешка. Мерките за безбедност во Лондон се зајакнати.