1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тече вториот изборен круг во Франција

17 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxV1

Во Франција се отворени сите гласачки места за вториот круг парламентарни избори. Французите треба да ги изберат преостанатите 467 од вкупно 577 пратеници. Анкетите покажуваат дека фаворит е партијата на конзервативниот претседател Никола Саркози, која најверојатно ќе освои големо мнозинство во парламентот. Од досега освоените 110 места во првиот круг, опозиционите социјалисти добија само едно место. Во првиот круг на гласање имаше мал одзив на бирачите од само 40%. Првичните резултати се очекуваат по 20 часот кога ќе бидат затворени гласачките места.