1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка бродска несреќа во Хонг Конг

СН/ЕМФ/миа/дпа2 октомври 2012

При судар меѓу еден патнички и еден транспортен брод во Хонг Конг загинаа најмалку 36 лица.

https://p.dw.com/p/16IWq
Фотографија: Reuters

Властите во Хонг Конг соопштија дека телата на 36 лица се пронајдени во утринските часови и оти потрагата продолжува. Повеќе од сто лица се повредени и пренесени во болница. , јави државната кинеска новинска агенција Синхуа.

Патничкиот брод потонал многу бргу по сударот. Со спасувачки чамци, хеликоптери и нуркачи и натаму се трага по преживеани во несреќата. Повеќе од 120-те патници на бродот кој потона по сударот , меѓу нив и многу деца, сакале да го гледаат огнометот во пристаништето Викторија по повод  националниот празник на Кина -1 октомври. Се’ уште не е познато како дошло до сударот меѓу двата брода.