1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешки времиња за металуршката индустрија во Македонија

Горан Петрески13 ноември 2008

Падот на цените на металите на светските берзи директно се одрази врз производствениот процес и намалувањето на работната сила во овој сектор. Позитивен развој може да се очекува дури во втората половина на 2009 година.

https://p.dw.com/p/FtbR
Вработените во металуршкиот сектор во целиот свет, страдаат поради финансиската кризаФотографија: AP

Финансиската криза во светот и падот на цените на металите и суриовините на берзите, директно удрија по една од клучните производствено извозни гранки во Македонија, металургијата.

Редица фабрики се соочени со големи проблеми. Силмак, или поранешен Југохром, е една од фабриките во земјата, која во моментов работи со 60% од капацитетите и испраќа работници на принуден одмор. Производството е преполовено и во Фени, а најкритично е во скопски Легури, каде процесот целосно е запрен. Единствено Макстил и рудниците Бучим имаат обезбедено работа до крајот на годинава. За периодот натаму се` е неизвесно.

Deutschland Metallindustrie Metallverarbeitung Arbeiter in Deutschland
Фотографија: AP

Доколку продолжи трендот на намалување на цените на металите на светските берзи ситуацијата ќе стане полоша. Ќе има нови отпуштања и дополнителни компликации предизвикани од можниот застој на производството.

Кризата ќе продолжи и наредната година

Директорот на Фени индустри, Михајло Михајловски смета дека за големите металуршки комапнии настапиле тешки времиња.Тој објаснува дека добар дел од фабриките во странство се затворени или работат со половичен капацитет, што само по себе значи дека нема пласман за нивните финални производи, односно репроматеријали за останатата индустрија. Михајловски предвидува дека ваквата ситуација ќе продолжи и во првата половина на наредната година, по што би можело да дојде до заживување на пазарот.

Најпогодена од светската финансиска криза е обоената и црна металургија, која во Македонија вработува повеќе од шест илјади луѓе. Овој индустриски сектор има значително учество во создавањето на бруто домашниот производ и во извозот. Повеќе од 90 проценти од производите на овие компании се извезуваат, што значи дека со падот на производството, значително ќе биде намален и извозот.

Вработените во металуршкиот сектор бараат поддршка од македонската влада

Големиот пад на цената на металите на светскиот пазар но и намалената побарувачка на производите, се причините за драстичното намалување на производството во металуршките капацитети во Македонија. Директорот на Силмак, Звонко Стојановски дури смета дека падот на цените на светските берзи е драматичен. Тој истакнува дека цената на производот што го продава Силмак, само во последниве 30 дена се намалил за цели 30 насто.

„Покрај тоа, во овој момент, едноставно нема побарувачка и Силмак произведува за залиха “, вели Стојановски.

Mazedonien Regierung Sitzung
Владата засега не се изјаснила за барањето на вработенитево металуршката индустријаФотографија: MIA

Вработените во загрозените компании веќе излегоа на предупредувачки протест. Тие бараат поддршка од македонската влада за излегување од кризата. Освен врз нивното работење, светската финансиска криза започна да се одразува и врз останатите сегменти од македонското стопанство. За разлика од примерите во светот, каде најзагрозени се банките, во Македонија тие се стабилни. Најголемите потреси, покрај металуршкиот сектор, доживеа македонската берза.