1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешко е да се живее со толку малку пари

1 октомври 2008

На 1 октомври секоја година ОН традиционално им оддаваат признание на заслугите на постарите луѓе и на нивниот придонес за општествениот соживот. Во Србија нивниот живот меѓутоа е предодреден од бедните пензии

https://p.dw.com/p/FRn3
Пазарите како овој во Белград се омилено место за српските пензионериФотографија: DW

Неделите во Србија се ден за одење на пазар. И оваа недела , на пазарот Ѓерам во Белград ,цели семејства талкаат меѓу ритчињата од црвени пиперки , тиквички и модри патлиџани. Дури доцна попладне доаѓаат пензионерите.Тогаш зеленчукот е поефтин,зашто земјоделците полека одат дома. Продавачките Мира и Рада ги познаваат своите муштерии.

„Старите луѓе обожуваат да одат на пазар , тоа мора , тоа е закон“-истакнува Мира а Нада ја надополнува:

„Пред се , на пазарот е поефтино и тие тука можат да избираат според своите можности“

Србија-земја на пензионери

Сиромаштијата ги погодува пред се старите луѓе , а Србија а во Србија има многу стари луѓе. Балканската земја се наоѓа на четвртото место на листата земји со најстаро население во светот. Веќе денес бројката на оние што се постари од 65 години е еднакво висока како и бројката на луѓето кои се помлади од 15 години. Не зачудува , дека партијата на пензионерите се вбројува меѓу победниците на изборите ова лето. Нејзиниот претседател Јован Кркобабиќ успеа да издејствува зголемување на пензиите за 10 насто од ноември годинава.

„Таканаречената транзиција , преминот од социјализам кон капитализам во Србија предизвика драстични промени , какви што речиси и да нема во европските земји. Имено 5 проценти од Србите припаѓаат кон богатите во Европа,а 95 проценти кон најсиромашните“-истакнува Кркобабиќ.

Како да се преживее со пензија помала од 100 евра месечно

Од 7 милиони жители на Србија , речиси еден и пол милион се пензионери. Просечната пензија во земјата изнесува 160 евра , но речиси половина милион пензионери живеат со минимална пензија која изнесува помалку од 100 евра месечно. Цените на прехрамбените производи се високи.Литар млеко чини исто колку и во Германија, лебот чини 50 центи а шолја кафе еспресо евро и пол. Цените на електричната енергија преставуваат голем товар за домаќинствата , зашто поголем дел од нив се греат на струја - а таа е скапа.

Здравата пензионерка Нада Петровиќ ја негува својата сосетка за да ја подобри својата пензија од 125 евра месечно :

„Што да кажам ... Ако не заработам нешто дополнително , не би можела да преживеам.Сите се жалат,тешко е да се излезе на крај со толку малку пари“

Само ретки уживаат во староста

Сепак и во Србија има пензионери , кои живеат како богатите пензионери во Европа: Уплатуваат скапи туристички патувања и можат да си дозволат чистачка или масер. Тие или и припаѓаат на средната класа или се имаат вратено во својата татковина од странство. Соња Петров заработува за живот како хигиеничарка. Пет дена во неделата таа чисти за 5 евра од час во угледните домови во Белград. Како живеат нејзините работодавачи?

„Тие ги минуваат деновите дома , читајќи.. Двапати годишно патуваат на одмор , во зима на планина, во лето на море..“

Или посетуваат пензионерски забави, како 72 годишната Драгица Спасиќ:„ Тоа се средби за дружење на пензионерите,најчесто во хотели. Има се: убава музика, пеење, народни ора , впрочем како некогаш , кога бевме млади. Не се вели напразно, тоа е музика на мојата младост..’

И така едно мало малцинство го ужива животот во години , додека останатите не знаат како да преживеат. Сеедно дали се богати или сиромашни на повеќето од нив им претстои , нешто што Србија досега речиси воопшто не го знаеше: Домот за старци . Прашањето: каде со старите луѓе, стигна и во Србија.