1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тејлор и Бибер освоија по три МТВ Европски музички награди

ТП/ројтерс12 ноември 2012

Вчера вечер на МТВ Европските музички награди Тејлор Свифт и Џастин Бибер ја поделија победата. На една од најважните ноќи во поп календарот надвор од САД, во Франфурт тие двајца земаа по 3 награди.

https://p.dw.com/p/16hV5

Американската кантри пејачка Тејлор Свит, која пред две недели си отиде со празни раце од доделувањето на Кантри мјузик наградите, ги зема наградите за Најдобар женски изведувач, Најдобар настап и Најдобар изглед.

„Drei? Drei? Неможам да поверувам дека ми дадовте три награди“, трудејќи се да говори на германски, Swift која беше номинирана во пет категории и’ се обрати на веселата публика.

Еден од најпопуларните настапи на вечерта беше сензацијата Псај, со хитот кој ги собори сите рекорди „Gangnam Style“, и воедно ја освои наградата за Најдобро видео.

Скокајќи на главната сцена во светкаво сино сако, со неговиот познат танц инспириран од јавање коњ, тој стана првиот јужнокорејски артист кој има настапувано на МТВ наградите.

„Ова е прекрасно. Ова ми е прв пат да учествувам, настапувам и да бидам номиниран и како азиски артист, и како корејски артист. Незнам што друго да ви кажам“, изјави Псај за новинарите. Тој додаде дека неговиот следен албум ќе има повеќе англиски песни.

„Gangnam Style“ од јули има над 670 милиони посети на Јутјуб, додека на Фејсбук има рекродни 4,9 милиони лајкови.

Домаќинката на вечерта Хајди Клум, која оваа година се разведе од пејачот Сил, се приклучи кон перформансот на Псај. „Беше убаво“, рече Псај за снимениот видео материјал, каде познатата манекенка игра со јужнокорејскиот пејач, и кој беше емитуван во текот на шоуто.

MTV Europe Music Awards 2012 Frankfurt
Водителка на шоуто беше германската манекенка Хајди КлумФотографија: picture-alliance/dpa

Со празни раце

Ријана која водеше со шест номинации, не доби ниту една награда. Канадската тинејџерска ѕвезда Бибер, исто како и Свифт освои три награди за Најдобар машки изведувач, Најдобар поп, Најдобар светски настап.

Циркусот како тема на овогодинешните МТВ награди беше поставен во салата Фестхале стара еден век. Рита Ора од џиновски кафез за птици го отвори шоуто со нејзиниот хит “R.I.P“. Како финале на шоуто, Свифт во истиот концепт излезе од магионичарска кутија додавајќи му ја својата шапка на кловнот кој возеше минијатурен велосипед.

„Доживеав кулминација за време на настапот“, рече Свифт. „Со сите акробати од циркусот и останатите работи, беше многу забавно“.

Иако наречени Европски музички награди, традиционално најголем број од номинираните и оваа година беа од Северна Америка. Наградата за Глобална икона, МТВ и’ ја додели на починатата Витни Хјустон. Таа во февруари оваа година беше пронајдена мртва во Беверли Хилс, и е трета која ја добива оваа награда по Бон Џови и Квин во 2010 и 2011. „Ние секогаш ќе те сакаме Витни. Засекогаш!“, рече Алиша Кис додека ја претставуваше наградата.

Пред почетокот на шоуто, свој перформанс на црвениот тепих имаше и раперот Лудакрис, кој го промовираше своето ново видео „Rest of my life“. Ѕвездите како Џоунс Брадерс и Ким Кардашијан, кои добија најмногу овации на црвениот тепих изјавија дека го очекуваат Денот на Благодарноста.

„Тогаш има многу храна, но се’ уште размислуваме како да се собереме сите заедно“, рече Ким, мислејќи на познатиот семеен клан.

Минатогодишното доделување на наградите во Белфаст, привлече 23 милиони гледачи, додека оваа година номинациите привлекоа рекордни 184 милиони онлајн гласачи.