1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тимошенко повика на протести против новиот курс на Украина

СН/бг/дпа/миа/афп/ртр23 ноември 2013

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко повика на масовни протести по одлуката на владата во Киев да се откаже од приближувањето кон ЕУ

https://p.dw.com/p/1AMre
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешната премиерка и актуелна лидерка на украинската опозиција Јулија Тимошенко, која отслужува седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на овластувањата при склучување на цената за рускиот гас, го повика претседателот Виктор Јанукович да ја преиспита одлуката на владата за сопирање на подготовките за асоцијација со ЕУ.

52-годишната политичарка го обвини Јанукович дека со неговото приближувања кон Русија ја става во опасност независноста на Украина. Таа уште повика на масовни протести по одлуката на владата во Киев.

Украинскиот парламент во четвртокот го стопираше договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Наместот тоа официјален Киев предложи советувања со Русија и со ЕУ околу трговските прашања. Шефот на владата Микола Азаров изјави дека станува збор за чисто економски условена одлука, а не за стратешка промена на курсот. За утре (24.22) опозицијата планира масовни демонстрации против про-рускиот курс на владата, кои треба да се оддржат на централниот плоштад во Киев.

Низ цела Украина вчера веќе се одржаа митинзи за поддршка на евроинтеграцијата,. На плоштадот Независност во центарот на Киев, покрај обилниот дожд се собраа околу 3.000 луѓе. Пред насобраниот народ говореа пратеници од опозицијата и јавни личности. Митинзи имаше и во другите украински градови од кои најброен беше во Лвов, каде имаше околу 6.000 луѓе, кои бараа оставка од премиерот Микола Азаров и потпишување на Договорот.