1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Томас Лубанга прогласен за виновен во Хаг

14 март 2012

Меѓународниот кривичен суд го прогласи поранешниот водач на бунтовниците во Конго, Томас Лубанга, за виновен за воени злосторства. Ова е историска прва пресуда на овој суд.

https://p.dw.com/p/14KSR
Томас ЛубангаФотографија: dapd

Судот во Хаг пресуди дека обвинителството докажало дека Томас Лубанга во Демократска Република Конго, во периодот од 2002. до 2003. година, регрутирал стотици деца како војници и ги пуштал во борби. Поради тоа судиите во Ден Хаг го прогласија за виновен за извршени воени злосторства. Ова е прва пресуда на Меѓународниот кривичен суд откако почна со работа пред 10 години. Колкава казна ќе добие Лубанга ќе биде утврдено дополнително.

Лубанга беше уапсен од конгоанските безбедносни сили во 2006. година и оттогаш се наоѓа под јурисдикција на Судот во Хаг. Обвинителството тврдеше дека во периодот меѓу 2002 и 2003. година Лубанга регрутирал илјадници малолетни деца од областа Итури во источно Конго. Момчиња и девојчиња на возраст меѓу 7 и 15 години биле убивани, користени како војници или како секс-слуги.

Niederlande Kongo Menschenrechte Urteil Thomas Lubanga
Томас Лубанга во судницата во ХагФотографија: Reuters

Во меѓуплеменскиот судир во Конго кој се разгоре кон крајот на 90-те години на минатиот век, загинаа повеќе од 60 илјади луѓе. Подоцна конфликтот се пресели и во соседните Руанда и Уганда. Лубанга и неговата бунтовничка група се сметаат за одговорни за масакри врз цивилното население.

Лубанга е еден од 20-те осомничени за кои Судот досега издаде налог за апсење. Меѓу останатите се и актуелниот судански претседател Омар Ал Башир, како и синот на екслибискиот диктатор, Саиф Ал Ислам Гадафи.

Автор:СН/ЖА/афп/дпа/ртр

Редактор: Ж. Ацеска