1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тони Блер освои трет историски мандат на чело на британската Влада.

6 мај 2005

Последните прелиминарните резултати покажуваат , дека Лабуристичка партија повторно ќе освои апсолутно мнозинство во британскиот парламент . Меѓутоа забележително е и оти тоа мнозинство е значително помало отколку досегашното, што се должи пред се на активната улога на Блер во ирачката војна

https://p.dw.com/p/AcFk
Фотографија: AP

Од обработените 615 од вкупно 646 изборни единици во Велика Британија, Лабуристите победиле во вкупно 352 , односно освоиле толку пратенички места во новиот состав на британскиот парламент-велат најновите прелиминарни резултати. Според нив најсилната опозициона Конзервативна партија освоила 192 места , додека на Либерално демократската партија и припаднале 59 места. Преостанатите 12 пратенички места го делат меѓусебе помалите партии .

Актуелниорт премиер Тони Блер кој си го обезбеди пратеничкото место во изборната единица Саџфилд изрази задоволство од личниот избор и но и третиот мандат кој тој го освојува со значително помало мнозинство отколку на претходните избори:

Очигледно е оти граѓаните на Велика Британија се определија за Лабуристичка влада но со намалено мнозинство. Ние на тоа треба да одговориме со чуство , мудор и одговорно.

Тој го призна и влијанието кое неговата подршка за војната во Ирак , го имаше врз гласачите:

„Јас знам дека Ирак беше прашање кое создаде делби во оваа земја , но се надевам оти сега ќе се обединиме повторно и ќе гледаме кон иднината“ .

Значително намаленото мнозинство на Лабуристите , кои во 2001 година освоија дури 412 пратенички места , ќе го намали и угледот на Блер во неговиот трет и како што најави последен мандат на премиерската функција . Тој покрај во 2001-та голема победа оствари и во претходниот изборен циклуса во 1997-ма .

Иако проекциите кои ги направија телевизиските мрежи БиБиСи и Ај Ти Ен покажаа дека Лабуристите обезбедиле само 36 насто, подршка од гласачите што е најмал процент кој досега го освоила една владејачка партија благодарејќи на изборниот систем кој ја протежира партијата со најмногу освоени гласови , Лабуристите повторно ќе имаат апсолутно мнозинство во парламентот, со кое самостојно ќе ја раководат владата.

Но и сите овие слабости кои од овие избори одат на сметка на Лабуристите . Блер стана само вториот премиер во историјата на Велика Британија , по Маргарет Тачер , кој победил на три избори по ред.

Од другастрана Мајкл Хауард лидерот на некогаш моќната конзервативна партија , особено под палката на Тачер и на Винстон Черчил , пак трет изборен циклус по ред , останува само водач на опозицијата .

„Она што се случи на овој изборен ден , означи значаен чекор за нашето заздравување“ – истакна Хауард , признавајќи го поразотот од конкурентот Блер :

Му честитам за оваа победа И доколку премиерот се концетрира на вистински важните теми, тогаш ќе ја има мојата целосна подршка-истакна Хауард.