1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тонска порака на Бин Ладен

20 јануари 2006

По повеќе од една година водачот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен се појави во јавноста. Во видео порката емитувана преку арапската телевизија Ал Џезеира тој на САД им се заканува со нови терористички напади. Но истовремено пораката содржи и понуда за примирје. Експертите на ЦИА, гласот на снимката официјално го идентификуваа како глас на Осама Бин Ладен.

https://p.dw.com/p/Ac9f
Бин Ладен
Бин ЛаденФотографија: AP

„Оваа порака доаѓа до вас од војните во Ирак и Авганистан“

Со овие зборови Осама Бин Ладен ја започнува својата порака. Арапската телевизија Ал Џезеира ја емитуваше снимката во четвртокот попладне, но не постојат показатели кога и каде е направен. Ова е прво јавувавање на Бин Ладен по декември 2004 година и во него тој уште додава

„Војната против Америка и нејзините сојузници не се ограничува само на Ирак, како што постојанио тврди Буш. Ирак е идеално тло за регрутација на млади и способни борци. Нашите борци со Божја помош постојано ги надминуваат безбедносните барикади во неправедните земји, доказите за тоа ги видовте во најважните европски главни градови.“

Овие зборови на испраќачот, се порака за терористичките напади во Лондон и Мадрид. Со својот типичниот тон на проповедник, Бин Ладен пак на САД и се заканува со нови напади

„Одолговлекувањето на слични напади во Америка не е поради тоа што не би можеле да ги надминеме вашите безбедносни мрежи, нашите операции се подготвиуваат. Ќе ги видите во срцето на вашите земји, кога ќе ги изведеме, според Божја воља.“

Но и покрај новите закани во аудио снимката на САД и испраќа и порака за примирје

„Немаме ништо против, да ви понудиме долгорочно примирје, доколку се изведе во фер услови. Ние сме народ кој не лаже и не ги прекршува ветувањата. И двете страни за време на ова примирје ќе уживаат безбедност и стабилност за да се обноват Ирак и Авганистан, и двете земји уништени од војната.“ рече најбараниот терорист во светот Осама Бин Ладен.