1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Топли поздрави за Трамп од „по...те земји“

Петер Хиле
12 јануари 2018

По...ни земји? Така американскио тпретседател Трамп ги нарече Хаити, Ел Салвадор и африканските држави. Во тие земји многу луѓе мислат поинаку, но има и онакви кои се согласуваат со Трамп.

https://p.dw.com/p/2qkeD
DW-Karikatur von Vladdo
ДВ-карикатура на Владо со цитат „Зошто да се дозволат имигранти од 'по...ни земји'?“

Со терминот „по...ни земји“ американскиот претседател Доналд Трамп на разговор за миграцијата во Белата куќа ги означил Хаити, Ел Салвадор и африканските држави. „Зошто ги сакаме овде тие луѓе од Африка? Тие земји се по...ни дупки... Треба да имаме повеќе луѓе од Норвешка", рекол Трамп откако двајца сенатори му предложиле да не ги протерува доселениците во тие земји, иако како деца илегално влегле во САД.

Земјотрес, колера, насилство - во текот на изминатите децении тоа беа темите со кои Хаити беше тема во вестите. Сепак, граѓаните на оваа земја не сакаат да бидат редуцирани само на овие работи, а особено не со потценувачки зборови какви што употребил американскиот претседател:

 

Поранешниот премиер на Хаити, Лоран Ламот, оцени дека меѓународната политика го достигнала дното. „Трамп би требало да се срами“, напиша тој на Твитер:

Слични реакции има и во многу африкански држави. На пример, во Танзанија или Јужноафриканската Република, каде Твитер-корисниците постираат фотографии со убавините на своите земји:

 

Фоторепортерот и политички активист Бонифејс Мванги оценува дека американскиот претседател им право во едно: политичарите кои се избираат на убавиот континент го заслужуваат хаштагот „s***thole“. За проблемите се виновни тие, во соработка со империјалистите од Западот.