1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

201210 Unternehmerinnen Quote

27 февруари 2011

И жените мора да ги исполнат високите критериуми за водечки кадри во големите концерни. Дали им треба и законска квота за да стигнат до раководни позиции - зборува топ-менаџерката Барбара Дајлман од Дизелдорф.

https://p.dw.com/p/10Jav
Фотографија: BilderBox

Барбара Дајлман работи за интернационалната адвокатска канцеларија „Бејкер енд Мекензи“, која е специјализирана за економски прашања. Нејзиното работно место е во Дизелдорф, но фирмата располага со вкупно 3.900 адвокати распоредени во 67 разни градови ширум светот. Како се снаоѓа во ваква реномирана меѓународна фирма?

„Мора да се има големо одушевување за работата, да се вложи многу напор, ангажман, особено затоа што ние жените и понатаму сме двојно оптоварени, ја имаме кариерата, но исто така го имаме и семејството. За да се постигне сето тоа човек мора да има способност да издржи висок степен на фрустрација. Освен тоа, неопходна е голема решителност за да се успее, има многу ситуации каде се’ друго мора да се остави и запостави, за да се успее во кариерата“, објаснува Барбара Дајлман.

Dr. Barbara Deilmann
Топ-менаџерката Барбара ДајлманФотографија: Barbara Deilmann

Освен тоа, неопходно е и големо количество самодоверба ако сакате како жена да успеете на професионален план, мора да знаете како подобро да се истакнете:

„Мажите се едноставно подобри во тоа. Тие подобро знаат да се рекламираат самите себе си, а исто така се и похрабри. Жените се, според мое мислење, премногу претпазливи.“

Квотата сепак неопходна

Топ-менаџерката Барбара Дајлман смета дека на Германија и’ е неопходна законска квота за жените: „Порано и јас, како и повеќето други жени, сметав дека не ни‘ е потребна квота, дека сме доволно способни да се пробиеме и без тоа. Но, во меѓувреме, мислам поинаку, а дури и мојот сопруг вели дека мажите имале доволно време да се заложат за поголема еднаквост, која ја нема и денес. Способни жени очигледно има доволно, сега ни‘ е потребна уште законската квота за да може состојбата дефинитивно да се измени“,нагласува менаџерката Барбара Дајлман од Дизелдорф.

Автор: Моника Ломилер / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски