1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тошак заминува од македонската фудбалска репрезентација

АМ/макфакс12 август 2012

Македонската фудбалска репрезентација останува без селекторот Џон Тошак. Причина - неможноста постојано да биде присутен во Македонија. Натпреварот со Литванија веројатно е неговиот последен на селекторската позиција.

https://p.dw.com/p/15oLT
Џон Тошак, на една од прес-конференциите во СкопјеФотографија: P.Stojanovski

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Велшанецот Џон Тошак, не е подготвен да одговори на барањата на новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски и начелно е договорен спогодбен раскин на договорот, стои на интернет страницата на ФФМ.

Имено на работниот состанок од пред неколку дена новиот претседател на ФФМ побарал од Џон Тошак да престојува постојано во Македонија, за да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал, да биде вклучен во едукацијата на македонските тренери и одблизу да влијае врз подобрувањето на состојбите во македонскиот фудбал.

Селекторот Тошак не го прифатил барањето на Ѓорѓиоски како ултимативно и има разбирања за потребата националниот селектор да работи на начин на кој инсистира новото раководство на ФФМ, но самиот не е подготвен да работи под бараните услови, стои во информацијата од ФФМ.

Најдобрата македонска репрезентација в среда на националната арена „Филип Втори" го игра пријателскиот натпревар со Литванија. Дел од репрезентативците повикани за дуелот веќе се пристигнати во Скопје, а капитенот Горан Пандев пристигнува в понеделник.