1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Традиционално следење на американските избори и во Скопје

5 ноември 2008

Амбасадата на САД и овој пат организираше јавно следење на изборниот процес со поканети одбрани гости од македонскиот јавен живот.

https://p.dw.com/p/Fnna
Американскиот амабасадор во САД, Филип Рикер на сликата неодамна со шефот на македонската дипломатија Антонио МилошоскиФотографија: DW / Dragan Todorovski

Исходот од американските избори со големо внимание се следеше и во Скопје - по традиција во организација на амбасадата на САД. „Секои четири години имаме шанса, не само во нашата земја, туку и во сите земји во светот, да го проследиме демократскиот процес на избирање на нов претседател. Денеска е историски ден за САД – избран е санаторот на Илиноис за нов претседател“ – изјави амбасадорот Филип Рикер.

Што се однесува до евентуалните промени на американската политика кон Македонија, Рикер оцени: „Верувам во континуитет на американската надворешна политика, особено во нашите односи со Македонија. Ние имаме многу силни врски и како што многу пати до сега кажав, Македонија нема подобар пријател од САД и тоа ќе продолжи“ – нагласи Рикер.