1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трговија со податоците од лекарски рецепти

Дијана Песлер/ Симе Недевски21 август 2013

Кој лекар, на кој пациент, какви лекови му препишува е доверлива информација. Но, според еден извештај тие податоци не остануваат секогаш анонимни. Всушност тоа на фармацевтските концерни им го олеснува рекламирањето.

https://p.dw.com/p/19U7B
Фотографија: picture-alliance/dpa

Знаат ли американските собирачи на податоци кој лекар кои лекови ги препишува? -Ова е прашањето кое по пишувањето на магазинот Шпигел, Германците мораат секој пат да си го постават. Тука не се работи за шпионски акции на американската тајна служба туку за успешен бизнис: трговија со лекарски репцети.
Сознанието за тоа кои лекови ги препишува еден лекар, на фармацевтските концерни им дава вредни упатства за тоа како да ги продаваат своите производи. Но, податоците смеат да бидат проследени само анонимно бидејќи рецептите се доверливи. Меѓу оние кои проследуваат податоци е т.н. Центар за аптекарски сметки. Оваа „централа на рецепти“ од многу аптеки ја презема пресметката која е потребна да се изврши со здравствените осигурителни куќи. Тие ги добиваат рецептите, ги сортираат, скенираат и им ги испраќаат на осигурителните куќи кои потоа мораат на аптеките да им исплатат одредена сума. Но, не останува се' на тоа. Центарот за аптекарски сметки понатаму ги обработува тие податоци и им ги продава на фирмите кои се занимаваат со истражувања на пазарот. А овие фирми пак сето тоа го пакуваат во студии кои им ги продаваат на фармацевтските концерни.
Според пишувањето на Шпигел, во Центарот за аптекарски сметки во јужна Германија (ВСА) еден од најголемите во земјата, нешто дефинитивно било погрешно: податоците од рецептите не останувале анонимни туку во најдобар случај биле под псевдоним. Имено, името и презимето на пациентот биле заменети со код, кој важи доживотно. И тие податоци така се проследувани на американската компанија ИМС Хелт, еден од гигантските истражувачи на пазарот.

Symbolbild Apotheke
Фотографија: fotolia/ fmarsicano

Скандал или не ?

Ова е скандал и тоа долгодишен скандал, вели Тило Вајхерт, ополномоштеник за заштита на податоци во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, во разговорот за ДВ. „Јас на тоа гледам како секој добар заштитник на податоци.“ Баварскиот инспекторат за заштита на податоци, кој е надлежен за Центарот а аптекарски сметки за јужна Германија поинаку гледа на работите. Претседателот на инспекторатот, Томас Краниг, застана во одбрана на трговијата со податоци со лекарки рецепти. Тој вели дека овој центар во 2012. година во потполност бил проконтролиран. „Она што на крајот излегува од таму е шифрирано и е толку комплицирано така што не може да се препознае однесувањето на ниту еден лекар или пациент посебно“, вели Краниг.

Интересно за маркетингшките стратези

А токму тоа е она што го сакаат фармацевтските куќи. Бидејќи, од макетиншко гледање токму лекарите се оние кои се најинтересни. Фармацевтските куќи ги продаваат лековите само индиректно. Тие им препорачуваат на лекарите лекови, лекарите ги препишуваат на пациентите, а пациентите со рецепти одат во аптека и така се одвива продажбата. Пред да ги имаат податоците од рецептите, компаниите не можеле да проверат колку нивните маркетинг работници се успешни. Со податоците кои ги добиваат сѐ се промени. „Фармацевтската индустрија е одушевена. Бидејќи, иако сето тоа е многу скапо, за прв пат може да се каже колку се ефикасни нејзините претставници“, вели Роланд Холц кој некогаш работел во фарамацевтската индустрија. Тој додава дека со „постојаното зголемување на притисок на пазарот на лекови, концерните сакале да дојдат до што подетални податоци.“

Symbolbild Medikamente
Фотографија: picture-alliance/dpa

Центарот за аптекарски сметки од јужна Германија инаку ги отфрли тврдењата на магазинот Шпигел како „целосно погрешни“. А и американската компанија за истражување на пазарот ИМС Хелт истакна дека од овој центар не добивала лични податоци. Но и покрај тоа многумина експерти во Германија критички гледаат на односот на Центрите за аптекарски сметки кон податоците.