1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Треба да се поддржи и економскиот концепт на Рамковниот договор“

Свето Тоевски14 август 2006

Рамковниот договор е договорот, за кој ставовите се движат во дијапазонот меѓу најзначаен докумнет во поновата историја, до докумнет - основа за поделба на Македонија. Пет годнини по усвојувањето на Рамковниот договор промените во Македонија низ призмата на граѓаните, интелектуалците и стопанствениците.

https://p.dw.com/p/Adcn
Тетово
ТетовоФотографија: AP

Охридскиот договор во петтата година од неговото потпишување предизвикува нови национални фрустрации, контроверзии и незадоволства, наместо да ги релаксира меѓуетничките односи и општествено – политичката ситуација во тетовскиот и во некои други региони во Македонија. Какви промени предизвика Охрдискиот договор?, на ова прашање одговараат повеќе граѓани на Тетово од албанскиот и македонскиот етникум.

„Па има промени на штета на Македонците. На нивна сметка, има вработувања и се форсираат правата на Албанците.“ „Нема никакви промени, нема ништо со Рамковниот договор. Улицава, една е каде што излегуваат Македонците, на друго место ги нема.“ „Досега нема никакви промеини. Не се надевам. Тешко дека ќе има.“ „Според Охридскиот договор, Албанците трба да добијат некои права кои им припаѓаат. Добија нешто, но треба и реализиација на уште два закона.“ „Подобрување има сигурно. “ „Застапеноста на Албанците во институциите на системот не достигна ниту 10 проценти, а треба да изнесува околу 25 посто.“ „Ние воопшто не сме задоволнио со Охридскиот договор и со работата што тој ја направи досега. “ „Спроведување на Рамковниот договор има тогаш кога луѓето се вработуваат, тогаш кога луѓето имаат можност да живеат.“

Ова е гласот на народот. Но што велат интелектуалците, експертите, стопанствениците. Рауф Ивети, независен интелектуалец од Тетово смета „Не гледам некое подобрување во животот на луѓето. Мислам дека некои работи секундарни, донесе, да речеме истакнување на знаме, употреба на албанскиот јазик, децентрализација. Меѓутоа уште е рано да се каже дека тој договор оживеа. “

Бранислав Светозаревиќ, историчар, истражувач и архивист од Тетово оценува дека со Рамковниот договор навистина се создава една нова реалност во Македонија. Таа се претвара во бинационална држава на Македонците и Албанците. Другите етникуми се игнорираат. Се случува и тивко иселување на Македонцiте од тетовскиот регион, кое треба да се сопре, вели Светозаревиќ и истакнува „ Меѓуетничките односи секогаш биле мошне коректни и толерантни, се разбира меѓу Албанците и Македонците. Не можеме да го негираме она што на пример е негувано и она што беше последната нитка од јажето кое не се скина, а тоа се самите луѓе, граѓани кои не дозволија да дојде до граѓанска војна, тоа е она што ни дава надеж. Не дозволија во 2001 година да дојде до грѓанска војна, ниту Македонците ни Албанците.“

Михајло Крстевски извршен директор на тетовската фабрика за медицинска пластика, со 500 вработени, посочува ако политичката криза во 2001 година формално се надмина со Охридскиот договор, тогаш економската криза за сите граѓани стана уште поинтензивна. „Ние како кризен региони, во Македонија се наоѓаме во една ситуација, каде што многу тешко се добиваат кредити, најосновно. За да се развие стопанството. Не сметаат како несигурен регион, како региони каде што уште нема стабилност, каде никој не сака да вложува и никој не сака да прими некј залог. Така беа поставени македонските банки. Да бидам искрен верувам дека и странските банки.“

Назми Малики професор на Штуловиот универзитет и претседател на форумот на албанската интелигенција во Македонија во овој контекст изнезува интересна идеја „Рамковниот договор треба да се поддржи со средства од разни фондации и во неговиот економски концепт од страна на Република Македонија како држава и на меѓународната заедница како негови потписници.“ вели професорот Малики.